Има доста голем сет на вештини што жената ги добива кога ќе стане мајка.

Новостекнатите таленти со текот на времето се пополнуваат, прошируваат и надградуваат, па од моментот кога ќе станете мајка до моментот кога ќе станете мајка на ученик, во вашата биографија ќе напишете неколку навистина необични таленти. Одеднаш, вие сте мајстор за сè, од криење на детската повраќаница во вашата коса, функционирање со три часа сон, до перење алишта со расплакано новороденче во вашата рака.

Сосема е нормално да чувствувате малку паника поради исчезнувањето на вашето „старо јас“. Кога вашиот живот се менува толку радикално, вие сте сведок на целосниот колапс на сликата што ја имате за себе. Мора да ја обновите со ценење на фантастичните нови вештини што сте ги развиле откако станавте мајка.

Тоа се нарекуваат новостекнати таленти, со акцент на талентот!

Без оглед на тоа што вашето „старо јас“ ја губи битката со новата личност „чудесна мајка“, ветуваме дека новите вештини добро ќе ви дојдат во иднина. Еве како ќе ви помогнат вашите новостекнати таленти:

Планирање на семејството

Ако чкрапалото кликнува во вашата глава секогаш кога ќе видите како бебето ги затвора очите и заспива, не треба да ви кажуваме за управувањето со времето. Веднаш скокате, ги фрлате алиштата во машината за перење, ја вклучувате правосмукалката и ја проверувате вашата е-пошта пред бебето да се разбуди и да престане со секое понатамошно дејство. Успевате сѐ да завршите за кратко време затоа што морате. Кога новите мајки ќе се вратат на работа, тие се многу ефикасни и не губат време. Тие гледаат на работите од нов агол и ќе го искористат секој момент. Едноставно треба постојано да бидете чекор понапред од себе, а временската организација на која ве тера мајчинството ќе ве направи поефикасни и на работа.

Мајстор за повеќе задачи

Никој не го разбира мултитаскингот како новопечената мајка. Пред доаѓањето на бебето, не мислевте дека е можно да смените пелена, да барате крем, да разговарате на телефон и да ги наместите играчките – сето тоа во исто време. Размислете за сите работи што ги правите во еден ден како мајка и гледајте на тоа како позитивна работа. Во таков свет на технологија кој брзо се движи, важно е да можете да размислувате за една работа додека вашите раце прават нешто сосема друго. Мајките постојано ја практикуваат оваа вештина и тоа им дава предност. Може да откриете и дека сте многу подобри во решавањето на конфликтите со колегите штом ќе ги совладате утринските битки со малото дете и ќе го зачувате мирот во куќата со воинствените браќа и сестри. И каков мајстор за организација на работата ќе станете ако успеете да го натерате партнерот, роднините и пријателите да ви помогнат во секојдневните обврски. Ова се клучни вештини и во животот и во бизнисот.

Мајката е целиот свет

Но, придобивките од вашите нови таленти нема да влијаат само врз бизнисот. Мајчинството, исто така, може да има големо влијание врз успехот на вашите односи со другите луѓе. Мајките ги гледаат работите подобронамерно и имаат тенденција да простуваат. Моравте да ги намалите вашите перфекционистички стандарди за себе, па ќе бидете поспремни да го сторите истото и за другите луѓе.

Врската што ја имате со вашата мајка може да има најголема корист од ова. Многу жени се зближуваат со својата мајка и свекрва кога ќе се соочат со одговорноста на сопственото дете, а нивните совети и искуство се голема помош за воспитување на семејството.

Пази се, свету!

Се сеќавате ли кога можевте да ги гледате вестите без солзи на очите? Или кога навистина не се замаравте со рециклирање? Бебето ќе го промени сето тоа. Ќе почнете повеќе да размислувате за иднината и значењето за тоа што го правите. Многу мајки откриваат интерес да работат во локалната заедница каде што живеат и се среќни што можат да придонесат за општото добро со мали нешта.

Лесно дишете

Но, трпението е можеби најкорисната нова вештина што ќе ја научиме како мајки. Сто пати ќе кренете фрлена тропалка од подот додека бебето ужива во играта, ќе бидете трпеливи на должност додека малиот седи на нокшир – накратко, ќе научите да го следите ритамот на друга личност. Со бебе, сè трае многу подолго отколку што очекувате. Ќе мора да бидете трпеливи бидејќи играњето со бебе значи повторување на едноставни работи одново и одново! И така, следниот пат кога ќе погледнете на вашиот нов живот, запомнете – учите цела низа нови вештини. Само треба да бидете трпеливи…

Новостекнати таленти кои се бескорисни во другите области од вашиот живот:


-Како тивко да се расправате со саканата личност за пеглањето, за да не го разбудите бебето.
-Како да грицкате чоколадо и да ја смените програмата на ТВ на омилената серија додека доите.
-Како да направите совршена каша од морков без да ја извалкате кошулата.
-Како да го задржите здивот додека не се отстрани миризливата пелена.
-Како да го отстраните пластелинот од каучот – и од веѓите.
-Како да направите шолја чај која ќе трае три часа.
-Како со една рака да ја извадите дојката од градникот за доење.

Извор



912

X