Понекогаш на секој му е потребна прегратка. На овие новородени близначиња се чини дека токму тоа им треба.

Едно јутјуб-видео покажува две новородени близначиња како се гушкаат во кадата. Се чини дека воопшто не сфаќаат дека се надвор од стомакот на нивната мајка. Мајката изјави дека бебињата биле момче и девојче и биле само неколку дена стари кога се бањале во кадата.

Раѓањето е возбудлив момент за секој нов родител. За новиот мал живот, тоа е шокантна промена од матката во надворешниот свет.

Токму поради оваа причина, француската медицинска сестра Соња Рошел го развила бањањето на бебе наречено таласо – целта е да се смири влезот на бебето во светот и да се научат родителите дека бањањето на бебето не мора да биде страшно и поврзано само со хигиената.

Рошел, која ја развила техниката по повеќегодишно работење во клиника во Франција, им дава топла бања на штотуку родените бебиња со постојан, нежен проток на водата над главата и очите на бебињата. Таа нежно ги масира бебињата без никаков гел или сапун и ги остава да се релаксираат во топлата бања 15 минути. Овие услови ја имитираат матката.

Дел од техниката вклучува да се овозможи водата да тече по очите и лицата на бебињата. Рошел ги предупредува родителите да не се обидуваат да применуваат ваква техника дома.

Таа отсекогаш се прашувала зошто бебињата плачат кога ги бањаат по породувањето. Еден ден, додека била под туш, таа сфатила колку ужива во чувството на проток на вода на лицето и се прашала како би реагирало бебето.

Таа почнала да ги масира бебињата под чешма и забележала дека тоа ги натерало да се движат како во матката. Таа верува дека бебињата имаат сеќавање или се потсетени на нивниот живот пред раѓањето. Во нејзината техника вклучува музика и 90 отсто од бебињата не плачат кога се бањаат.

Извор



912

X