Во Вухан, Кина, бебе старо 17 дена закрепнало од коронавирусот откако се родило од мајка што го имала вирусот.

Новороденчето е најмладиот пациент што закрепнал од вирусот во Кина, објавија кинеските државни медиуми. Бебето самостојно закрепнало, без помош од никакви лекови.

Бебето било пренесено во детската болница во Вухан истиот ден кога се родило, пренесува „Пипл дејли“. Набрзо било откриено дека бебето го има вирусот.

Девојчето Ксиао Ксиао имало инфекција на респираторниот систем и мало срцево оштетување, изјави д-р Зенг Лингконг, директор на одделот за неонатологија во болницата.

Бидејќи симптомите на бебето не биле очигледни, лекарите одлучиле да не му даваат антибиотици и да го остават само да ја преброди болеста.

– Немаше очигледни тешкотии во дишењето, не кашлаше и немаше температура, така што не му дававме третман за срцевата состојба – изјави д-р Зенг.

Фото: Дејли мејл

Бебето било пуштено од болница во петокот попладне откако неговите резултати биле негативни по трите последователни тестови за откривање нуклеинска киселина.

Д-р Зенг изјави дека бебето целосно закрепнало од коронавирусот, како и од срцевото заболување.

– Во болницата дури и порасна и се поправи – рече тој.

Лекарите во Кина стравуваа од можноста инфекцијата да се пренесува од мајките на нивните бебиња во матката.

Претходно коронавирусот бил дијагностициран кај бебе 30 часа по неговото раѓање во Вухан.

– Ова нè потсетува да обрнеме внимание на потенцијалниот нов пат за пренесување на коронавирусот – вертикално пренесување од мајките на бебињата – рече д-р Зенг.

Извор



912

X