Игротека

Новогодишно интервју со омилените цртани ликови на децата – Биби и Боби

Во сезоната на празници и новогодишни содржини ќе направиме интервју со главните ликови од „Светот на Биби“ – Биби и Боби! Интервјуто е дел од серијата на новогодишни содржини со Биби и нејзините другарчиња. Ќе го модерира нашата колешка, водителката Јована Аврамовска, која ќе разговара со цртаните ликови Биби и Боби.

Во интервјуто тие ќе ѝ раскажат што правеле во текот на денот, ќе си поделат пакетчиња, а ќе зборуваат и за новогодишните планови на Биби и Боби. Гласовите, кои веќе ни се добро познати, се на актерите Слаѓана Вујошевиќ (Биби) и Сашко Коцев (Боби). Интервјуто со наслов „Ум-тум-тум разговори“ ќе може да го гледате на сите канали на „Светот на Биби“ овој викенд. А зошто се викаат токму „Ум-тум-тум разговори“, ќе ни раскаже Боби!

Новата година пак ќе ја прославиме заедно на edukacija.svetotnabibi.mk, каде што подготвивме новогодишна емисија директно од Волшебната шума. Емисијата премиерно ќе може да ја гледате на 31.12 во 19:00.

Ќе има многу песнички, забава и изненадувања, а ќе се потсетиме и на најинтересните моменти од минатата година. Следете го „Светот на Биби“ на „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Јутјуб“ и новата платформа edukacija.svetotnabibi.mk за многу нови забавни и едукативни содржини за сите деца!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top