Игротека

Новогодишни желби на дечињата од градинката „Димче Мирчев“ во Велес

Се наближува празникот кој сите деца со нетрпение го очекуваат.
Ќе дојде ли Дедо Мраз?
Ќе пристигне ли на својата волшебна санка?
Како ли се подготвуваат дечињата во градинката?
Какво изненадување нè очекува, што ли се подготвува?
Новогодишните празници носат магија и многу новогодишни желби. Оваа година, малку поразлична од другите, тимот на градинката и дечињата на интересен начин своите новогодишни желби ги преточија во една волшебна бајка.
„Празниците се ближат,
во детскиот свет желбите се нижат
дали Дедо Мраз доаѓа, иде,
погледнете ја бајката и сè јасно ќе ви биде!“
Среќна и успешна Нова 2021 година ви посакуваат дечињата и вработените во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Велес.


Славица Алексоска, психолог

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top