Игротека

Новогодишна забава со Биби и Боби во „Рамстор мол“

На 29 декември, в недела, „Рамстор мол“ ќе биде домаќин на новогодишен настан организиран од тимот на Биби и Боби. 

Програма на настанот: 

Во 11:30 часот ќе започне активноста „Менување со сликички“, каде што сите посетители ќе имаат можност да ги донесат своите дупликати и да ги разменат за сликичките што им недостигаат. Ова е одлична можност за сите деца да ги комплетираат своите албуми. 

Во 12:00 часот е главниот дел на програмата – новогодишната забава со Биби и Боби. Во празничен дух, децата и нивните семејства ќе имаат можност да уживаат во песничките од „Светот на Биби“. 

Организаторите ги покануваат сите мали и големи обожаватели на Биби и Боби да бидат дел од ова незаборавно празнично доживување. 

Со оваа забава, Биби и Боби ќе донесат уште еден момент на радост и забава за своите најверни обожаватели, создавајќи топла и весела атмосфера за пречекот на Новата година.

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top