Воспитување

Ново во Просветно дело! Маски за боење принцези, херои и чудовишта!

ПРОСВЕТНО ДЕЛО секогаш се грижи за најмладите читатели: да имаат новитети и да им биде забавно во секое време и на кое било место!

Овој пат посочуваме две нови БОЕНКИ: ПРИНЦЕЗИ и ХЕРОИ И ЧУДОВИШТА. Интересот е еднакво покриен како за девојчињата така и за момчињата. Ама, овие боенки се малку необични! Зошто? Е па, овде, секоја страница е маска. Таа е доволно голема да го покрие вашето лице. Може да ги користите за секоја пригода откако убаво ќе ги избоите по ваша желба.

Потоа ќе ја одвоите маската од перфорираната подлога и така убаво избоена може да си ја носите по повод некој роденден, маскенбал, априлијада итн. Маската има еластичен ластик со чија помош лесно ќе ја прицврстите на глава и комотно ќе се шетате со неа.

Затоа забавата нека почне, избојте ги маските што поубаво за да ги носите по каков било повод и сите да ве прашуваат за вашата убава креација!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top