Неодамнешното истражување објавено во „Џурнал оф американ медикал асосиејшн“ покажува дека просечната репродуктивна возраст (кај американските жени) се зголеми од 35 на 37,1 години – што е период подолг за две години. Се чини дека трендот постои веќе некое време бидејќи просечната возраст на жената која влегува во менопауза постојано се зголемува во светот, а тоа го зголеми и очекувањето траење и на репродуктивниот животен век и потенцијално го олесни зачнувањето на жените во средината на триесеттите или крајот на триесеттите години.

Истражувањето ги проучило трендовите во изминатите шест децении, истражувајќи ја и просечната возраст на природна менопауза и репродуктивниот животен век на жените, фокусирајќи се на фактори кои се директно поврзани со американските жени.
Во последните години стапката на наталитет во САД се намалува, иако глобалното население продолжува да расте. Центрите за контрола и превенција на болести забележуваат дека стапката на наталитет кај американските жени во дваесеттите години постојано се намалува. Родителските трендови покажуваат промена кон создавање семејство во подоцнежниот живот, а тоа е поврзано со промените во образованието, кариерата и можностите за вработување.
Податоците покажуваат дека стапката на наталитет кај жените во триесеттите и четириесеттите години се зголемува, а зборувајќи за зголемувањето на очекуваното траење на животот кај жените, истражувачите откриле разлики во просечната возраст на менопаузата во споредба со минатото (од 48,4 години на 49,9 години) и промени во месечниот циклус, односно порано добивање месечен циклус во споредба со минатото (од 13,5 години на 12,7).
Гинекологот д-р Џенифер Ештон вели дека следењето на овие трендови е исклучително важно и дека ваквите трендови може да имаат последици врз целокупното здравје на жените. Таа објаснува дека овие промени можат да укажат на мало опаѓање на кардиоваскуларните заболувања кај жените, но може да го зголемат ризикот од карцином на дојка, рак на јајчници и рак на ендометриум. Имено, колку подолго телото произведува репродуктивни хормони, толку повеќе се зголемува ризикот од развој на овие карциноми, објаснува д-р Ештон.
И да, веројатно не ви треба истражување за да знаете дека колку подолго имате менструација, толку подолго ќе имате промени во расположението, грчеви, замор и други несакани ефекти на менструацијата, што може да значи подолга транзиција кон менопауза, а со тоа и несакани ефекти како неправилни крвавење, промени во начинот на спиење и топли бранови. Но, добрата вест е дека времето е на ваша страна!