Воспитување

Новите родители ги откриваат митовите со кои често се среќаваат

Бебињата не доаѓаат со прирачник, но доаѓаат со многу совети за тоа како да ги воспитувате. Пријателите и добронамерните членови на семејството честопати се желни да ја споделат својата мудрост, а преоптоварувањето со информации често е огромно за новите родители.

Така, новите родители откриваат вообичаени митови со кои често се среќаваат откако ќе добијат бебе.

„Можете да го разгалите вашето бебе со премногу љубов“

Задоволувањето на потребите на бебињата со љубов им помага да управуваат со своите емоции, да градат самодоверба и да го намалат ризикот од идни ментални здравствени проблеми. Затоа, мит е дека бебињата може да се разгалат со премногу љубов.

Мајката Џој Лин вели дека често ѝ кажуваат оти премногу го разгалува нејзиното бебе Сејди, кое сега има шест месеци.

-Луѓето ми рекоа дека премногу ја галам, но решив дека не сакам да ја оставам да плаче. Сакав да ја галам и да си играм со неа што е можно повеќе за да се чувствува безбедно“, изјавила таа.

„Треба да го оставите бебето да плаче и тоа ќе научи само да се смирува“

Бебињата што се оставени да плачат може да престанат да плачат, но по плачењето може да се чувствуваат вознемирени, ако родителите не реагираат.

Мајката Ема Рис открила:

-Како нова мајка, поминував премногу време на социјалните мрежи, читајќи совети и правејќи сè што другите ми рекоа да правам. Сепак, на крајот решив да ги следам моите инстинкти и да го направам она што сметав дека е правилно, смирувајќи ја кога и да заплаче.

„Сите бебиња треба да спијат цела ноќ“

Бебињата имаат различни модели на спиење од возрасните, а будењето навечер е нормално. Одговарањето на нивното будење со топлина и љубов е важно за врската помеѓу родителите и децата и нивниот развој.

„Веднаш ќе се поврзете со вашето бебе“

Некои родители може да очекуваат инстантна, магична врска со своето бебе, но во ред е ако тоа не се случи веднаш.

„Треба да се потрудите тажните чувства да исчезнат“

Како и возрасните, бебињата треба да можат да изразат тага, непријатност и болка, како и среќа и возбуда. Родителите треба да одговорат на нивниот плач со љубов бидејќи тоа им покажува на бебињата дека е во ред да ги изразат овие емоции.

„Правите нешто погрешно ако вашето бебе плаче“

Многу бебиња често плачат и нивните родители разбирливо се загрижени за тоа. Но, тоа не значи дека тие се виновни за плачењето. Сите бебиња се различни и потребно е многу труд за да се разберат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top