„Не е секогаш лесно да се гледа чашата како полуполна, но татко ми е еден од оние луѓе што можат да се фокусираат на малите сончеви зраци дури и во најтемните времиња“, рекла новинарката Рене Онке.

Онке верува дека позитивниот поглед на нејзиниот татко врз животот може да потекнува од неговата љубов кон уметноста, која ја наследил од неговата мајка.

„Татко ми секогаш ме потсетува дека во уметноста секоја грешка е можност да се создаде нешто подобро, односно дека ниедна грешка не е трајна“, објаснила таа.

Нејзиниот татко ја научил дека три работи во животот се клучни за среќа и исполнетост, а Онке се труди да ги има секогаш на ум.

Верувајте ѝ на вашата интуиција

Оваа идеологија може да доведе до поголем успех, а се совпаѓа со советите на извршниот директор на „Линкдин“, Рајан Рослански, кој токму овој совет го смета за најважен за да извршувате успешни потези во кариерата.

Избегнувајте непотребен стрес

Хроничниот стрес е поврзан со поголем ризик од срцеви заболувања, висок крвен притисок и потиснување на имунолошкиот систем, што може да го забави закрепнувањето од одредени болести, според Американското психолошко здружение.

Прави го тоа што го сакаш

Давањето приоритет на работата што прави да се чувствувате исполнето е поврзано со портфолиото на инвестиции за среќа на експертот за среќа од „Харвард“, Артур К. Брукс. Тој смета дека треба да се фокусираме на уште три работи: семејството, пријателите и верата.

Извор



912

X