Во соработка со Министерството за здравство и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, УНИЦЕФ отвори две нови телефонски линии за поддршка на менталното здравје и психо-социјална поддршка на тинејџерите и на нивните родители, и на родителите на деца со попреченост погодени од кризата со Ковид-19.

– Телефонската линија 078 378 728 за помош на тинејџерите и на нивните родители и телефонската линија 070 291 574 за помош на родители на деца со попреченост ќе работат од 9:00 до 16:00 часот секој работен ден. Телефонската линија 072 912 676 за помош на деца на училишна возраст и на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе работи од 9:00 до 19:00 часот секој работен ден – информираат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

– Сакаме да ги охрабриме родителите и децата да разговараат за сите прашања и проблеми. Нормално е тие да имаат различни реакции на Ковид-19, како што е нормално да се борат да го задржат чувството на нормалност дома – вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.



912

X