Новите научни истражувања покажуваат дека советите што родителите со децении ги добиваат од педијатрите – да го одложат внесувањето на кикиритките во исхраната до 12 месеци, се погрешни.

Напротив, периодот на одвикнување од млеко е всушност моментот кога на бебињата треба да им се даде малку путер од кикиритки, што значително би го намалило ризикот од алергија.
Давањето мали количини путер од кикиритки на бебињата меѓу четири и шест месеци може драматично да ги намали алергиите на храната, велат научниците. Дури и за 77%.

Велат и дека треба да се сменат советите – на децата да не им се дава цврста храна до шестиот месец. Сепак, експертите предупредуваат дека цели или сечкани ореви и кикиритки претставуваат ризик од задушување и не треба да им се даваат на деца под пет години.

Зошто е добро порано да се воведат кикиритките во исхраната?

Истражувачите велат дека јадењето кикиритки додека имунолошкиот систем сè уште се развива и учењето да прави разлика помеѓу „доброто“ и „лошото“ може да ги намали алергиските реакции. Во Израел, каде што кикиритките се вообичаена закуска дури и во раните денови од животот, стапката на алергии е значително помала.

Други студии охрабруваат децата порано да внесуваат други производи што можат да предизвикаат некаков вид алергија, како што се јајцата, млекото и пченицата, што се покажало добро бидејќи го намалило нивото на појава на алергија.

Проф. Греам Робертс од Универзитетот во Саутемптон изјавил дека советите што со децении им се давале на родителите за одложување на консумацијата на кикиритки кај децата довеле до страв кај родителите, а дека промената на овие совети придонела до забуна и кај родителите и во медицината.

Тој, сепак, додал дека ова е „едноставен, евтин и безбеден начин“ да се избегнат многу случаи на алергии.

Извор



912

X