Игротека

Новак Ѓоковиќ за најболното прашање од синот Стефан

Како и сите родители, и големиот Новак се бори со предизвиците на родителството, а неодамна призна и кое прашање на Стефан најмногу го здоболи

Посебната енергија што ја има, позитивниот став и хуморот сигурно многу му помогнаа на Новак да дојде до врвот на светскиот тенис. Од него секогаш очекуваме да победи, во нашите домови да донесе радост и смеа и речиси секогаш му успева.

Меѓутоа, задоволни кога победува, често не размислуваме дека во тој момент тој води и некои други битки. Балансира, баш како и секој вработен родител, меѓу двете најважни работи во животот – семејството и професионалниот успех. И дека и тој мора да биде разделен од своите деца и често му поставуваат прашања што го здоболуваат.

По освојувањето на наградата за најдобар спортист на светот, Новак Ѓоковиќ многу емотивно, во интервју за „Хамбург морген пост“, зборуваше за својата улога на татко, за тоа дека им е пример на своите деца, но и дека и тие се справуваат со работата на својот татко и неговата популарност.
– Тоа што сум родител е најдобрата работа во мојот живот. Најголем благослов и најголем предизвик – рече Ѓоковиќ.

Вели дека сака да им биде пример на своите деца – Стефан (4) и Тара (1) – дури и кога е на тенискиот терен.
– Понекогаш не се гордеам со своето однесување на теренот – призна Новак.

 

View this post on Instagram

 

3…2…1…❤️??? thank you for all the confetti @lacoste ? @jelenadjokovicndf

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Тој открива дека неговиот син сè уште не ја разбира неговата професија и не знае дека татко му е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и апсолутна светска ѕвезда.

– Играв фудбал со него на улица и луѓето ми приоѓаа и бараа да се фотографираме – раскажува Ѓоковиќ една анегдота и продолжува:
– Секако дека им ја исполнив таа желба, но тогаш мојот син ме праша: „Тато, ги познаваш тие луѓе? Зошто ти приоѓаат?“
Еден момент останал без зборови.

– Не знаев што да му одговорам. Тогаш му реков: „Понекогаш играм тенис и понекогаш сум на ТВ“.

Балансирањето меѓу улогата на татко и професионален спортист не е лесно и некогаш е многу болно.
– Стефан понекогаш ме прашува: „Тато, зошто си на тенискиот терен, а не со мене?“ Тоа ме боли. Се обидувам да бидам најдобар татко. Се трудам да бидам и најдобар тенисер и најдобар родител во исто време. Навистина давам сè од себе – заклучува Ѓоковиќ.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top