Секоја година компаниите трошат милиони на реклами што траат 30 секунди и треба да се емитуваат за време на „Оскарите“ или „Златен глобус“ кога сите се залепени пред екраните.

Но, Еј-би-си, мрежата-домаќин на „Оскарите“, минатата година ја забрани рекламата на „Фрида мам“ во која се појавува мајка која оди во веце со видлива болка по породувањето. Оваа година брендот за женска хигиена се враќа со нова реклама која се емитуваше за време на доделувањето на наградите „Златен глобус“. И брендот уште еднаш оди чекор напред покажувајќи со што се соочуваат мајките што дојат.

„Поток на лактација“ е оригинално видео што ги открива секојдневните борби на една нова мајка.

– Доста е. Време е да се грижиш за своите гради, а не само за твоето бебе – со „Фрида мам“ – е слоганот и навистина звучи како вдишување свеж воздух во едно општество каде што мајчинството е претставено како нешто стерилно и беспотребно полирано.

Извор



912

X