Од оваа сабота (20 февруари) производите од „Светот на Биби“ ќе бидат достапни и во новиот продажен салон во Струмица. Продавницата се наоѓа на улица „Маршал Тито“, б.б., спроти Малиот парк во Струмица. Таму децата и родителите ќе можат да ги најдат омилените производи од „Светот на Биби“.

Во продавницата пристигнува целата палета на производи: куклички, сликовници, боенки, сложувалки, друштвени игри, облеки и многу други производи со главните ликови. Па така, в сабота Биби, Боби, Зина, Зази, Дино, Филимена и пријателите пристигнуваат во уште еден град.

Производите од „Светот на Биби“ не случајно им се омилени и на децата и на родителите. Голем дел од нив влијаат врз правилниот развој и едукацијата на децата. Покрај локациите во Скопје (ГТЦ, Аеродром, Т.Ц. Лептокарија), Битола и Кавадарци, „Светот на Биби“ конечно пристигнува и во Струмица. Секако, производите се достапни и низ цела Македонија преку онлајн-продавницата svetotnabibi.mk.

В сабота се гледаме во Струмица! Јееј!



912

X