Во Драчево е при крај изградбата на новата детската градинка при ЈОУДГ „8ми Март“, која откако ќе ги мине пропишаните контроли и надзори ќе ги прими и првите деца, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Во градинката која е изградена според сите европски стандарди ќе бидат сместени 110 дечиња во шест занимални, од кои во две ќе бидат згрижени децата до две годишна возраст, а во останатите четири, деца до шест години.

Според министерката Шахпаска, градинката во Општината Кисела Вода е првата градинка во нашата земја која е изградена со керамичка вентилирачка фасада (фотокаталитична) која има својства за прочистување на воздухот, бидејќи на себе ги лепи штетните честички од амбиенталниот воздух, кои потоа преку измивање со дожд се отстрануваат од неа.

– Со ваквите стандарди се создава поздрава околина не само за децата кои престојуваат во градинката, туку и за околината на објектот – рече Шахпаска.



912

X