Во изминатите две недели во Институтот за јавно здравје лекарите пријавиле за нов случај на дете заразено со морбили. Станува збор за невакцинирано дете на возраст до четири години од Скопје. Случајот е лабораториски потврден.
Заклучно со 1 ноември во државава се регистрирани 1.901 случај на мали сипаници. Сè уште е во тек епидемијата на морбили, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој го има и во соседните држави.

Во текот на 42. и 43. недела во државата се вакцинирани 1.123 деца (од предучилишна и училишна возраст). Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП-вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 42.746.

Од почетокот на епидемијата досега во центрите за јавно здравје дополнително се аплицирани 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години.



912

X