На сите ни е потребна радост во нашите животи сега повеќе од кога било, па најновиот тренд помеѓу мајките на „Тик-Ток“ е нешто ново и уникатно.

Мајките што ја користат оваа апликација направиле повеќе од 1,6 милион видеа како ги изненадуваат своите бебиња и нежно им истураат мало количество вода на нивните глави. Реакцијата на бебињата е неодолива.

 

@gd..morganNo babies were harmed in the making of this video ??? (she laughed afterward)♬ Ah Eh – queen_zyon1

Едно слатко видео го снимила корисничката на оваа апликација user@tia.dunham. Додека седи на подот до нејзиното бебе, таа држи големо шише, па првата реакција ќе биде насмевка заради вчудовидениот поглед на детето кое очигледно го гледа својот одраз. Како што водата паѓа на неговата глава, бебето почнува да се тресе. Не може да се каже дали му се допаѓа играта или не.

Само тоа видео собрало 4,5 милиони лајкови и 66.700 коментари. Оваа и другите мајки кориснички на „Тик-Ток“ тврдат дека ниту едно од бебињата не било повредено за време на снимањето на видеата.

Реакциите се поделени – додека на некои тоа им е многу смешно, други не наоѓаат смисла во таквото однесување.

Автор: Џозеф Нис

Извор



912

X