Воспитување

Носењето на децата придонесува за нивниот безгрижен развој

Сите сонуваме за тоа да имаме мирно и среќно дете. Некои родители знаат дека бебињата може да реагираат плачејќи предолго или пречесто, без разлика на трудот и најдобрите желби за да го смират. Природно е како родители да имаме потреба да ги смириме, бидејќи инстинктивно претчувствуваме дека кога бебето/детето плаче, нешто не е во ред, или има некоја незадоволена потреба.

И моменталната ситуација во која се препорачува изолација и престој во затворен простор неминовно ќе предизвика зголемена потреба на најмладите, но и на малку постарите деца за блискост со родителите, но и за носење, како директен одговор на оваа потреба. За придобивките од носењето на детето зборувале низа експерти, но и оние што го практикуваат носењето секој ден – родителите.

Носењето извонредно добро влијае врз врската меѓу мајката и детето. Особено кога бебето е уште малечко и зависно од неа. Носењето ѝ овозможува на мајката да го „фати“ и најмалиот знак кој го покажува бебето, чија способност за комуникација уште не е развиена. Кога се работи за постари деца, носењето може да го зголеми интересот на детето за откривање на светот, бидејќи децата се чувствуваат побезбедни и имаат повеќе доверба во околината што ја запознале од сигурноста на прегратката на мајката и таткото. Децата, исто така, многу често проверуваат како реагираат родителите на околината и го бараат нивниот поглед за да ја приспособат својата реакција.

Ако родителите забележат дека на детето му недостига можноста за контакт со очите, треба за време на носењето да го свртат кон себе. Правилото е лесно: ако го возите детето во количка свртено кон напред, тогаш тоа можете да го направите и со ергономска носилка – со тоа што со носењето ќе го чувствувате своето дете уште поблиску отколку кога било во количката. Носењето можете да си го олесните со избор на ергономска носилка – таква што ја поддржува ергономската положба во сите начини на носење, вклучувајќи носење на детето свртено кон напред. Истовремено го носите детето и имате слободни раце за завршување на други работи. Носилката треба да биде ергономска за родителите и да овозможува удобност за детето и родителот.

Ако носилката е навистина ергономска, тогаш тоа значи дека е ергономска и за родителот и за детето. За детето е важно носилката да има широка база така што неговите колкови секогаш да бидат во М-положба, а грбот поддржан. Носилката што е удобна ќе ја распореди тежината на детето на трупот, рамената и колковите на родителот што го носи. Поставениот појас или лумбална поддршка и надрамениците со перничиња се нешто на кое треба да се обрне внимание при купување на носилката. Запомнете: важно е да се чувствувате удобно додека го носите своето дете.

Кога се работи за стимулирањата, важно е да се биде умерен и секогаш да се следи реакцијата на детето. Имено, стимулирањата се добри за детето ако не го напрегаат и не предизвикуваат неповолни реакции. Исто е и со носењето на детето свртено нанапред. Важно е да ги разбиеме стереотипите за тоа дека само мајките ги носат децата. Татковците еднакво можат да ги носат и да бидат чувствителни со детето. Дури, со носењето од страна на двајцата родители детето може да биде побогато за повеќе искуства. Во последно време забележуваме дека постарите браќа и сестри (ако разликата во годините е доволна) може да се вклучат во грижата за бебето, така што ќе го носат во носилка. Ако уште не се толку големи, може да ги имитираат мама и тато така што ќе ја користат носилката за куклите, со што ќе се влијае врз нивниот  мир и ќе се забавуваат во затворен простор, или во текот на прошетката.

На крајот, важно е да се запомни: вие и вашето дете креирате единствен начин на живот. Ако ги следите потребите и желбите на своето дете, но и сопствените, знајте дека сте на вистинскиот пат, без разлика на митовите што се врежале во врска со носењето на детето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top