Општинската влада на Ставангер, град во Норвешка, освен што забрани мобилни телефони во училиштата, планира на младите ученици да им забрани и индивидуален пристап до компјутерите.

Повеќето градски советници ја поддржаа оваа идеја истакнувајќи дека на овој начин на децата треба да им се овозможи „детоксикација“ од виртуелниот свет.

Планирано е учениците од прво до четврто одделение повеќе да немаат пристап до персоналните компјутери и наместо тоа, ќе бидат поставени заеднички компјутери во училниците што ќе можат да се користат со дозвола од наставникот.

Целта е да се воведат горенаведените мерки за учениците од сите одделенија, од прво до десетто одделение.

Мимир Кристјансон, градски советник, истакна дека е загрижен поради претераната употреба на мобилни телефони и компјутери меѓу децата и младите луѓе.

– Сигурно е дека ќе биде корисно и здраво за децата помалку време да поминуваат во виртуелниот свет – изјави тој.

Извор



912

X