– На Норвешка ѝ се потребни повеќе деца! Мислам дека нема потреба да кажувам како се прават тие – изјави норвешката премиерка покренувајќи вистинска загриженост.

Во нордискиот регион стапката на наталитет е во загрижувачка состојба, иако долго време овие земји беа бастион со силни стапки на фертилитет во земји што рапидно стареат.

Но, сега се соочува со пад што го загрозува нивниот негуван модел на благосостојба, финансиран од даночните обврзници.

– Во наредните децении ќе наидеме на проблеми со овој модел. Ќе има помалку млади луѓе што ќе треба да го носат сè поголемиот товар на социјалната држава – предупреди премиерката Ерна Солберг.


Во Норвешка, Финска и во Исланд стапката на наталитет падна во 2017 година, од 1,49 до 1,71 деца родени по жена. Само неколку години претходно нивните стапки на наталитет се движеа близу до нивото 2,1, што е потребно за нивното население да остане стабилно.

– Во сите нордиски земји стапките на наталитет почнаа да опаѓаат во годините по финансиската криза, во 2008 година – изјави социологот Труде Лапергад од Универзитетот во Осло.

– Кризата заврши, но стапката сѐ уште паѓа – вели тој.

Од Копенхаген до Северниот ‘Рт, од Хелсинки до Рејкјавик, демографијата  низ нордиските земји открива две работи: има помалку големи семејства и жените чекаат подолго време пред да го имаат своето прво дете.

Не постои едно објаснување, но финансиската неизвесност и големиот пораст на трошоците за домување се сметаат како најверојатни фактори. На долг рок тоа значи дека ќе има помалку работоспособни луѓе да плаќаат даноци што ќе можат да ги финансираат великодушните државни системи за социјална заштита. Овие системи плаќаат за долгите породилни отсуства, кои во Шведска може да траат до 480 дена.

Во Норвешка еден економист е загрижен за ефектот што бавната демографија ќе го има врз економскиот раст, па предлага на жените да им се даваат 50.000 евра во вид на пензиска заштеда за секое родено дете. Друг предлага на жените што ќе наполнат 50 години, а нема да родат дете, да им се платат 100.000 евра бидејќи и децата се трошок за општеството.

Финските општини веќе одлучија да ги отворат паричниците за да ги охрабрат локалните жители. Градот Миехикала, дом на 2.000 луѓе, нуди 10.000 евра за секое родено и израснато бебе во општината.

Која земја во Европа има најдобра стапка на наталитет?

– Бројот на лица без деца расте брзо, а бројот на жени што имаат три или повеќе деца се намалува. Овој вид пад е непознат во модерните времиња на Финска – вели Ана Роткирч, семеен социолог од организацијата „Финска семејна федерација“.

Во Копенхаген, Данска, вниманието е насочено кон мажите што не се брзаат да станат родители, со кампања насочена кон подигнување на свеста за тоа како квалитетот на сперматозоидите опаѓа со годините.

Нордискиот регион веќе може да се пофали со голем број иницијативи за семејство, како што се флексибилно работно време, огромна мрежа на поволни дневни центри и великодушни системи за породилно отсуство. Но, и кога сето ова не е доволно да се поттикнат луѓето да имаат повеќе деца, имиграцијата може да биде спас – или закана, во зависност од точката на гледање.

Шведска можеби има пад на наталитетот, но сепак се наоѓа на второ место во ЕУ зад Франција, со 1,85 деца родени по жена во 2016 година. Ова во голема мера се должи на децениската историја на имиграција во Шведска: имигрантките имаат повеќе деца отколку просечниот Швеѓанец.

Со 2,6 деца по жена во последниве години, градот Анеби во Јужна Шведска има една од највисоките стапки во земјава, а феноменот му се припишува на фактот дека пред две децении ги отвори вратите за имигрантите.

– Анеби им посака добредојде на околу 225 Еритрејци во раните 90-ти години и веднаш потоа ги прими бегалците од Балканот. 1994 година беше демографски запис за градот – изјави локалниот официјален претставник Ола Густафсон. Но, порастот меѓу малцинствата го разгоре стравот меѓу Швеѓаните.

Поранешниот министер за правда во Норвешка, Пер-Вили Амундсен од популистичката екстремна десница, се најде на насловните страници кога побара да се намали семејниот додаток по третото дете. Неговата цел беше да ги спречи Сомалијците кои, како што рече, имаат повисока стапка на раѓање од етничките Норвежани.



912

X