Некои луѓе се родени да функционираат во текот на ноќта. Се работи за наука: срцевиот ритам на ноќните птици е таков што напредува кога сонцето заоѓа. Сепак, генските предиспозиции нема да ви помогнат кога ќе добиете новороденче кое се буди во 2 часот наутро. Навистина, новороденчињата го нивелираат полето за играње за утринските типови и ноќните птици. Без разлика дали сакате да одите на спиење или сте биле разбудени, соочувањето со вознемирено и веројатно гладно дете во средината на ноќта бара пракса. Бара дисциплина. Потребен е суптилен пристап. Но, оние родители што ја совладале техниката на преземање ноќна смена ќе ви го кажат следното: Нема ништо што е слично на тоа.

Откако ќе се навикнете, ноќната смена се состои од најинтимните моменти што некогаш ќе ги имате со вашето дете. Тивко е и го топи срцето – само треба да бидете подготвени. Но, има неколку совети и трикови што треба да ги применувате.

Раздели, па владеј: Нема причина зошто и вие и партнерот да губите сон истовремено. Затоа, создајте систем кој ќе ви одговара. Во зависност од личните избори и работна ситуација, можете да изберете да се менувате секоја втора вечер, да одредите денови во неделата и викендите, или да се согласите дека вие сте повеќе ноќна птица, додека сопругата, на пример, е утринска личност, па согласно на тоа да ги поделите обврските.

Практикувајте ја методата „помалку е повеќе“: Ако сте разбудени и детето е разбудено, избегнувајте ја потребата за игра, зборување или обиди да го насмеете детето. Така секогаш ќе очекува да биде забавувано во текот на ноќта. Правете помалку додека сте будни. Што значи тоа? Светлата нека бидат придушени. Ако не плаче, не хранете го. Ако не е мокро, не пресоблекувајте го. Останете со тивок тон, а исто така одолејте на потребата да го скокоткате по тие слатки ножиња.

Кога горенаведенета практика ќе доживее пораз: Горенаведеното сценарио ќе успее, оптимистички гледано, еднаш во 20 пати. Остатокот од времето ќе значи зафатени раце. Ќе ви треба меко ќебенце за да го лулате новороденчето, шишенце со млеко и удобна фотелја на која ќе можете да се одморите.

Правилен начин за превиткување: Има правилна техника – вклучува местење на ќебенцето во форма на малечок пакет. Вежбајте за да го постигнете тоа. Запомнете, важна е удобноста и пријатноста за детето да се чувствува безбедно и сигурно.

Мудро изберете го начинот на грижа: И покрај вашите најдобри намери, многу работи нема да одат според планот. Но, не треба да се грижите многу ни за хранењето на бебето. Користете го млекото што ви е препорачано (доколку е адаптирано млеко) и нахранете го детето.

Подготовка на шишенцето: Не мислете премногу. Прво измијте ги рацете со сапун и вода. Потоа измерете ја соодветната количина на вода што ви треба и истурете ја во шишето, а потоа ставете и од адаптираното млеко. На крајот, измешајте ја смесата. Ставете го млекото во фрижидер додека треба да го храните детето.

Сместете се: Кога вашето дете ќе се приближи до вашите гради за да бара јадење, тоа време е најубавото и најквалитетното во текот на ноќта. Земете мека перница и ставете ја на стол за нишање. Ставете ја раката под главчето на бебето за да ја држите малку повисоко и држете го шишенцето нежно до неговата уста за да можете да контролирате колку пие.

Купете ги потребните работи: Којзнае колку долго ќе треба да седите будни додека заспие детето? Таа временска рамка варира од ден на ден. За да си помогнете, средината во која седите исполнете ја со вашите омилени книги, на пример. Можете да се обидете и со пеење и нежна музика.

Ден за ден: Можеби се радувате на моментот кога вашето бебе ќе спие мирно во текот на целата ноќ, но студиите покажале дека се потребни 6 години за родителите да си го вратат стариот начин на спиење, поради излегувањето на забите, кошмарите на децата, болестите и сите други фази. Но, добрата вест е што и тие фази ќе поминат, а спиењето ќе се нормализира.

Уште подобра вест е дека со овие совети ќе станете експерт за држење ноќна смена со вашето најмило.

Автор: Џулија Савакул

Извор



912

X