Воспитување

Нобеловка која одгледала успешна ќерка: „Не разгалувајте ги децата“

Каталин Карико е годинашна добитничка на Нобеловата награда за физиологија и медицина. Нејзиното истражување со Дру Вајсман, со кого ја дели наградата, ги постави темелите за развој на вакцината против коронавирус, која беше развиена од „Бајонтек-Фајзер“ и „Модерна“.

Нејзината кариера служи како лекција за истрајност. И покрај тоа што била деградирана четири пати, никогаш не го променила својот фокус. Постојаниот и континуиран напредок на крајот даде резултати.

„Се чувствував успешна дури и кога другите ме сметаа за неуспешна бидејќи имав целосна контрола врз она што го правам“, рекла таа.

Нејзината упорност и самодоверба придонеле да биде добар научник, но овие квалитети ја направиле и добар родител. Нејзината ќерка Сузан Франсија двапати освоила златен олимписки медали. Таа магистрирала на Универзитетот во Пенсилванија и има МБА диплома од Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес.

Кога луѓето ја прашуваат Карико како наоѓала баланс помеѓу тешката кариера и родителството, таа вели: „Само не помагајте премногу. Наместо да го разгалувате детето, поставете пример“.

„Детето е дел од семејството и има обврски“

Франсија била атлетски градена, но не се истакнала во ниту еден спорт. Бидејќи е висока, многумина мислеле дека ќе биде успешна во кошарка, но тоа не било така. Сепак, како и нејзината мајка, таа била позитивна и упорна. „Нејзините трофеи беа епитети на најнапредната или најентузијастичната личност од сите врсници“, објаснила Карико.

Овие квалитети се покажале корисни кога таа му се приклучила на веслачкиот тим како студент во втора година. Набрзо завршила во американскиот сениорски веслачки тим и го освои олимпиското злато во 2008 и 2012 година.

„Нејзиниот успех е резултат на тоа што ги гледа нејзините родители, како се однесуваат еден со друг, како се однесуваат со бабите и дедовците, соседите и пријателите. А на училиште гледате како се однесуваат вашите наставници. Тоа е она што ве обликува“, смета Карико и истакнува дека набљудувањето на вредните родители било поважно за изборот на Франсија од кој било друг ресурс што може да се купи со пари.

„И децата чувствуваат гордост и независност кога имаат одредена автономија. Во 6 часот наутро бев во лабораторија затоа што морав да го избегнам сообраќајниот метеж, а ќерка ми знаеше дека мора да стане и понекогаш да подготви појадок за мојот сопруг, кој работеше ноќе и доаѓаше дома наутро. Детето е дел од семејството и има обврски“, вели таа.

Децата ги преземаат вашите навики, а не зборовите, вели Карико. Најдобриот начин да се воспита издржливо и отпорно дете е самите да му го покажете тоа со свој пример.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top