Родителството е најважната улога и голем предизвик во животот на секој родител, но ја немаат сите таа среќа да ги растат своите деца заедно со партнерот.
За самохраните родители се вели дека се херои, и навистина е така. Тие целиот свој живот го подредуваат на децата за да ги изведат на вистинскиот пат.

Не запоставувајте се себеси

Самохраниот родител целото свое внимание го насочува кон децата. Тоа е сосема во ред кога децата се мали, но проблемот настанува кога родителите почнуваат да се запоставуваат себеси и своите желби и потреби кога децата се повозрасни.
Со оглед на тоа што самохраниот родител нема партнер на кој може да се потпре, важно е секогаш да биде во добра физичка и ментална состојба.

Затоа е важно добро да се наспие, да се храни здраво или редовно да практикува некоја физичка активност. Исто така, важно е во густиот распоред да одвои време за себе, за своето хоби или за некој ритуал за опуштање.

Немојте да зборувате едно, а да правите друго

Иако е мало, детето го гледа однесувањето од својата околина и го усвојува. Затоа, не бидете еден од оние родители што едно зборуваат, а друго прават. Бидете дисциплиниран родител! Дури и ако ви е тешко да го казните детето бидејќи не ја напишало домашната задача, останете доследни кога ги исполнувате своите ветувања. Ако постапите поинаку, децата нема да ве сфаќаат сериозно.

Не срамете се да побарате помош

Помош од родителите, околината, пријателите или колегите е сосема во ред и не бегајте од тоа кога ќе почувствувате дека нешто не можете да направите сами.
Без оглед што самохраните родители се суперродители на кои сите им се воодушевуваат, некогаш и ним им треба некој вид помош.

Потсетете се себеси дека не сте совршени

Имајте на ум дека никој не е совршен и дека секој човек и дете се индивидуа за себе. И сите правиме грешки. Затоа е важно да не се споредувате себеси, ниту своето дете со другите од околината. Најважна задача на родителот е на своето дете да му даде безусловна љубов.

Учите од грешките

Најдобри родители се токму оние што ги знаат своите доблести и маани и учат од своите грешки.
Самохраните родители не би требало сѐ да работат сами, па сосема е нормално некогаш да им треба помош од стручни лица за некоја ситуација што не можат сами да ја решат.

 



912

X