Воспитување

Никол Кидман: Во пандемијата ја открив убавината на семејниот живот

На сите ни влијае светската криза поврзана со коронавирусот. Можеби мислиме дека славните лица се поштедени од епидемиолошките мерки, како на некој филмски сет да нема правила кон кои ѕвездите мора да се придржуваат, но се лажеме. Во неодамнешно интервју за „Хелоу“, ѕвездата на серијата „Големи мали лаги“, Никол Кидман, раскажа за тоа како изгледал животот на нејзиното семејство – сопругот Кит Урбан, 12-годишната ќерка Сандеј и 9-годишната ќерка Фејт, пред пандемијата, а како им изгледа новото нормално.

– Заедно патувавме, а живееме на релација Нешвил-Лондон, бевме навикнати на тоа да немаме јасно одредена дневна структура, се организиравме попатно и спонтано, а нашите деца секогаш одат со нас. Да се биде дома, учење од дома, сето она што другите семејства го прават како нормална активност, ние го живееме сега, во текот на пандемијата – нов начин на живот, кој морам да признаам, многу ми се допадна – изјави Никол.

Постарата ќерка Сандеј сакала да стане режисер, па често одела со мајка си на филмските сетови, а сега, во текот на пандемијата, поради посебните епидемиолошки услови, тоа ѝ е скратено.

– Жал ми е што повеќе не можам да ја водам со себе на работа бидејќи имавме одлично заедничко време во текот на снимањата, но сега ни се отворија некои други можности – вели актерката.

Главно, во текот на пандемијата Никол и семејството биле во својот дом во Нешвил, а таа признава дека и покрај многуте промени што ѝ ги донел новиот начин на живот, никогаш не била позадоволна.

– Сакам да поминувам време во кујната, да ги дочекам децата со појадок, да уживам во таа семејна утринска врева – вели Никол.

фото извор: Instagram/NicoleKidman

Инаку, Никол, Кит и девојчињата често ги поминувале годишните одмори во Австралија, а Никол не крие колку убави спомени ја врзуваат за нејзиниот роден крај. Неодамна се потсетила на периодот кога Сандеј и Фејт биле помали, па на својот инстаграм-профил објавила носталгично видео.

Во текот на минатата критична 2020 година, Никол почнала да работи и на нов проект, ТВ-серијата „Девет совршени странци“, од австралиска продукција, така што кога епидемиолошките мерки го дозволиле тоа, целото семејство отишло во Австралија. Бидејќи таму живеат нејзината сестра Антонија и мајката Џанел, секогаш ѝ помагале како дадилки кога таа и Кит морале да бидат работно отсутни.

– Јас и Кит никогаш не ги оставаме децата, еден од нас е секогаш присутен, но ако се случи и двајцата да работиме, тука се мојата сестра и мајка ми – вели Кидман за периодот кога престојувале во Австралија во текот на пандемијата.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top