Образование

Никој не знае од каде треба да се извади потврда за офталмолошки преглед за упис на прваче

Потврда дека детето ги примило сите задолжителни вакцини, потврда за офталмолошки преглед издаден од јавна здравствена установа, Извод од матична книга на родени, како и потврда за извршен стоматолошки преглед. Ова се документите што се потребни за да се изврши упис на прваче во училиште. Сепак, она што засега никој не знае да го каже е кој ја издава потврдата за офталмолошки преглед, без која првачето не може да биде запишано.

Во Здравствен дом не знаат дали од кај нив треба да се издаде потврдата за офталмолог. Никој не кажува дали ќе се важи потврдата што ќе му биде издадена на родителот ако приватно го однесе детето на очен преглед. Од друга страна, матични педијатри предупредуваат дека за офталмолошки преглед преку „Мој термин“ многу тешко се наоѓа слободен термин за закажување.

Одговор и објаснување во врска со потребните документи за офталмолошки и стоматолошки преглед нема ниту од Министерството за образование и наука, кое првично информираше за претстојниот упис на првачиња.

До лани потврда од стоматолог се издаваше во јавните здравствени установи, зависно од територијата на која се наоѓа училиштето. Потврдата од офталмолог првпат се бара за упис годинава.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top