Игротека

Никој не е совршен, дури ни нашите деца

Кога следниот пат ќе се посомневате во вашите родителски способности и ќе се запрашате каде грешите и зошто детето не ве слуша, зошто е нервозно, сетете се на следниве важни работи.

Се сеќавате колку бебињата сакаат да се бањаат? Треба само да турите вода, да направите пена и готово. Она што е потребно за задоволство на детето е и лесно достапно. Поминуваат деновите, па доаѓа период кога бањањето, пената и самата бања се најголеми непријатели. Па вие веднаш помислувате дека сте станале лош родител и дека некаде сте згрешиле зашто детето веќе не го сака тоа како порано.

Во тој момент на очај го носите детето во бањата, иако тоа плаче и вреска, бидејќи бањањето е половина здравје и мора да се бања. Но, секој од нас во слична ситуација заборава на една важна работа:

И децата се луѓе, имаат свои жолти минути, не се совршени. Како и ние.

Нашите реакции и однесувања во одредени ситуации се менуваат од ден на ден, дури од еден момент во друг. И тоа важи за сите – и за нашите деца.

Кога детето ќе ја заборави домашната задача или не е послушно до таа мера до која ние сакаме, тоа не значи дека вие како родител сте потфрлиле. Тоа само значи дека детето треба да созрее, да научи.

Децата грешат, како и возрасните. Не смееме во ниту еден момент да претпоставиме дека треба да бидат совршени цело време. Понекогаш толку многу се фокусираме на она што децата не го слушаат, па ги занемаруваме сите оние работи што дотогаш ги совладале и ги практикуваат без проблем.

Како и возрасните, и тие имаат добри и лоши денови. Некогаш е тоа поради замор, некогаш е раздразливост, понекогаш едноставно таков им е денот. Ќе се случи да не се во можност да донесат добра одлука. Тоа не значи дека секогаш ќе биде така или дека се предодредени за неуспех.

Гледајте на нештата вака: Вие сте добар родител! Правите сè што е во ваша моќ за да му бидете добар родител на вашето дете, но и покрај трудот, ви се случува лош ден, кога немате трпение и ништо не ви оди од рака.

Истото важи и за вашите деца.

Често имаме нереални очекувања од нив. Претпоставуваме дека не би требало да плачат кога ги оставаме на училиште бидејќи знаат каде одат. Кога не сакаат да ја делат својата играчка со друго дете, ги прекоруваме, а забораваме да ги пофалиме во моментите кога самостојно одлучуваат да делат играчка.

Вистина е дека нивното однесување некогаш не е прифатливо. Но, мораме малку да им прогледаме низ прсти и да имаме разбирање и за нив. Бидејќи секој има право на лош ден. Не би си го укинале таквиот ден и на себеси.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top