Некои родители се обидуваат да ги заштитат своите деца од сè, претпочитајќи да не ги заплашат со познавање на тешкотиите со кои може да се соочат во овој живот. Други родители имаат цел да ги третираат своите деца како возрасни.

Ако мислите дека вториот начин е подобар, шансите се поголеми дека ќе најдете многу корисни совети во ова писмо напишано од страна на мајка до нејзината ќерка-тинејџерка. Овој текст стана многу популарен на интернет, и тоа поради добра причина.

1. За три години ќе можам да те „исфрлам“ од домот

Звучи страшно, нели? Дефинитивно. Кога ќе наполниш 18 години, ќе имаш два можни пата што ќе ти бидат достапни: да одиш на факултет, а јас ќе ти помогнам колку што можам додека не дипломираш или не си најдеш работа. Или ќе му речеш „не“ на универзитетот (јас никогаш нема да те осудам ако го направиш тоа) и ќе се вклучиш на пазарот на трудот.

Во тој случај ќе треба да се грижиш за себе. Јас нема да издржувам девојка над 18 години која не е вклучена во образованието бидејќи не мислам дека тоа е вистинската и правилна работа. Имаш три години за да одлучиш… И ние веќе размисливме за новата намена на твојата соба. Тоа ќе биде наша спална соба.

2. Ти си прекрасна, ти си убава, ти си паметна

Ти си многу подобра од мене. Ти си навистина прекрасна личност. Јас те познавам 15 години и ти си многу поневеројатна отколку што можев да замислам во моите најлуди соништа. Ако некој не го разбира ова, тоа е негов проблем (добро, тоа е исто така проблем и на татко ти до одреден степен).

3. Јас не сум пример што треба да го следиш

Ти си сосема поинаква личност од мене. Ти имаш своја индивидуална личност. Ти не треба да го сакаш тоа што го сакам јас. Го имаш секое право да го отфрлиш мојот авторитет и да не ги споделуваш моите вредности. Има една нова нијанса во ова, ќе треба да ја сносиш одговорноста за секој твој избор.

4. Ти си слободна личност. Јас немам очекувања

Може да станеш механичар, бизнис-аналитичар, домаќинка, терапевт за убавина, менаџер или некоја што работи на каса во супермаркет. Не мислам дека е мое да се мешам за патот што ќе го избереш во животот. Но, сепак, не заборавај на точката под број еден.

5. Ти не ми должиш ништо

Јас не те донесов на свет со очекување дека ќе ми го платиш долгот. Јас не очекувам да обезбедиш пари за мене кога ќе остарам. Ти имаш право да избереш да се фокусираш на она што е важно за тебе, на она што го цениш. Тоа е твој живот и твој избор.

6. Ти имаш дом

Што и да се случи со тебе во овој живот, јас ќе бидам покрај тебе, секогаш кога ќе ти требам. Јас ќе те поддржувам, ќе ги делам со тебе твојата среќа и тага и ќе се обидам да ти помогнам ако ме прашаш. Но, јас нема да се мешам непоканета.

7. Јас имам свој живот

Јас не сум обврзана да дојдам и да ти помогнам кога ќе тропнеш со раката. Јас не мора да се откажам од она што го правам заради тебе или да ја жртвувам мојата удобност заради тебе. Можам. Но, не морам.

8. Ти имаш свој живот

Со кого ќе се омажиш, без разлика дали ќе имаш деца, каков вид луѓе ќе привлекуваш, за кого ќе гласаш, сето тоа е твоја работа. Моите ставови, страсти, убедувања не треба да имаат влијание врз тебе. Треба да го направиш она што твоето срце и совест ти го кажуваат. Што и да избереш, нема да ме изгубиш и нема да престанеш да ми бидеш ќерка.

9. Никој не сака намерно да те повреди

Ова не е лесно да се разбере, но е вистина: секој размислува за себе. Јас исто така. Секој човек таму, без разлика на неговите околности, едноставно се однесува на начин за кој мисли дека е правилен. Никој намерно не сака да го направи твојот живот полош. Тие едноставно го прават она што мислат дека е најдобро за нив, како што тие гледаат и ништо повеќе. Едноставно мапата на твојот живот и нивната не се совпаѓаат во целост.

10. Животот не е фер

Не постојат никакви гарантирани начини да се постигне успех или да се избегне несреќа. Светот не е под твоја контрола. Може да правиш сè како што треба и сепак да се најдеш во ужасна ситуација. Може и да правиш сè погрешно и пак да живееш убав живот. Единственото нешто за кое треба да се грижиш е да бидеш искрена. Не лажи се себеси.

Научи да се разбираш себеси. Обиди се да ги сфатиш целосно твоите вистински потреби и чувства. И размислувај за она што ќе биде најдобро за тебе.

11. Она што е добро за тебе, секогаш ќе биде лошо за некој друг

Кога ќе добиеш работно место или место на универзитетот, некој друг ја губи својата шанса. Кога одиш на состанок со некого, шансите се дека таа личност со која ти се состануваш можела да му биде прва љубов на некој друг. Можеш дури и да зафатиш нечие омилено место во киносалата. Но, не грижи се за тоа затоа што она што е лошо за тебе ќе биде добро за некој друг, па така сте изедначени.

12. Единствената личност на која можеш 100 проценти да ѝ веруваш си самата ти

Не, дури ни мене. Само ти. Јас не можам целосно да влезам во твојата глава кога ти ги оставаш нештата недоречени или криеш нешто од сите. Го знам ова затоа што го правев и самата. Јас исто така имам мајка. Само ти знаеш сè за тебе. Па така само ти знаеш за што си способна.

13. Не префрлувај им ја одговорноста на другите

Од 18-годишна возраст ти ќе бидеш одговорна за она што се случува во твојот живот. Донеси на свет свои деца, ако мислиш дека можеш да го направиш тоа на свој начин. Прифати ја таа предизвикувачка работа ако мислиш дека можеш да управуваш со неа. Емигрирај доколку мислиш дека ќе преживееш сама во странска земја. Сама. Ако си среќна и ако најдеш луѓе што сакаат да ти помогнат, тогаш тоа ќе биде лесно. Но, никој не е должен да ти помогне. Запомни го тоа.

14. Биди подготвена

Секоја акција има последица. Шансите се дека нема да ги предвидиш сите. Но, барем обиди се да помислиш на нив колку што можеш. Колку повеќе се попромислени резултатите од твоите акции, толку порационално ќе биде твоето однесување.

15. Не мора мене да ме слушаш

Ти понудив 14 точки што мислам дека ќе ти помогнат твојот живот да биде подобар од мојот. Но, како што реков погоре, ти не си јас. Не споредувај се со мене. Не мисли дека нашите животи треба или може да одговараат во секој поглед. Отсекогаш сум сакала да донесам личност на овој свет која ќе живее свој живот. Оди и живеј го твојот живот.

15а. Само немој подоцна да се вратиш дома за да се жалиш.

15б. И никогаш не исклучувај го твојот телефон. Ме загрижува тоа.



912

X