Многу родители се трудат да го заштитат своето дете од штетните УВ-зраци на сите можни начини, особено во периодот на високи температури и интензивни горештини. И додека употребата на капчиња и кремови за сончање се смета за одлично решение, постојат и помалку препорачани решенија кои всушност можат да бидат исклучително опасни за детето.

Иако сите знаеме дека останувањето под сенка, без директна изложеност на сончева светлина, е важно кога сме на отворено, експертот за безбедност на децата Кирсти Кетли нагласува дека многу родители притоа ја покриваат детската количка за да го заштитат детето од сонцето на овој начин, што воопшто не се препорачува.

„Никогаш не покривајте ја количката со ќебе или ткаенина, или каков било вид покривка. Имено, тоа може да предизвика значително зголемување на температурата во количката, што претставува голем ризик од прегревање, па дури и задушување“, објаснува таа.

Извор



912

X