Можеби мислите дека некои работи нема да имаат никакви последици, како што е на пример неправилното зборување на децата, но постојат докази колку таквиот сладок га-га начин на разговор и штетен за нивната подоцнежна комуникација, односно за богатството на нивниот речник кога ќе почнат да зборуваат.

Совршен доказ е примерот на таткото Крис Ѓилоти, кој го опишал своето искуство по примерот на својата ќерка, која денес има 8 години, а со својот речник ги надминува сите околу себе.

– Мислам дека врската е јасна и дека како родители добро одлучивме дека со нашата ќерка, уште додека беше бебе, ќе разговараме исклучиво со говорот на возрасните, без неправилно изговарање на зборовите, деминутиви и повторување на еден ист збор кој малите деца би можеле да го разберат. Единствено сме го менувале нагласувањето на слоговите за да ја научиме на правилен изговор. На возраст од 7 месеци, нејзиниот прв збор не беше ниту мама ниту татко – туку „гили-гили“, а на 18 месеци веќе многу добро ја разбираше реченицата „Не допирај го тоа, топло е“. На таа возраст, се сеќавам, дојде до вклучена рерна и самата објасни: „Топло, многу топло“. Кога имаше 3 години, нејзиниот речник веќе беше толку широк, што често нè задеваа дека детето ни зборува како стара баба – не мислејќи притоа ништо лошо, туку дека детето ни зборува баш како возрасните, а не како нејзините врсници.

Кога тргна во градинка, прво воспитувачките се чудеа на нејзиниот богат речник и нејзината бујна фантазија, која толку убаво знаеше да ја изрази. И токму кога нејзините врсници почнаа да ја стигнуваат, таа веќе се оддалечи со своите сложени зборови и реченици. Но, тука не се работи само за богатиот речник. Она што го забележавме ние и нејзините учители е дека нејзината самодоверба е последица на лесниот изговор и лесното изјаснување. Никогаш не ѝ било проблем да ги објасни своите чувства и желби и баш поради тоа со неа некако воопшто немаше проблеми. Знаете како се малите деца фрустрирани кога нешто не знаат да ви објаснат, па изразуваат бес само поради тоа. Тоа нам не ни се случуваше. Децата не се возрасни и можеби немаат толку развиени когнитивни вештини како нас, возрасните, но тие многу брзо учат и затоа е штета во време кога толку брзо ги усвојуваат знаењата, системски да им наметнувате нешто што нема смисла. А лошиот изговор на зборовите и умилкувањето дефинитивно немаат смисла ако сакате вашето дете да порасне во малечко, паметно, елоквентно суштество.

И не само тоа – немојте да сметате дека вашето дете е мало и дека со него мора да се разговара како со мало дете. Децата многу брзо учат и затоа, без разлика на нивната возраст, бидете родител кој на своето дете ќе му објасни сè како што треба. И со самиот факт дека родителите го игнорираат своето дете кога се работи за теми за големи, а во разговор се впуштаат само кога се на тапет теми за деца, на детето му се испраќа порака дека малите работи се кроени за него. Така не ги учите децата да растат и да ја сфаќаат сложеноста на животот и важноста на комуникацијата, но од нив еден ден тоа сигурно ќе го очекувате. Прашањето е, меѓутоа, кога и како вие самите ќе ја преминете таа граница од мало во големо, односно од неправилно изговарање на зборовите во сериозен разговор.

Извор



912

X