Бери и Ким Плет имаат многу строги правила кога се во прашање нивните 9 деца и своите методи за воспитување ги покажале во серијата „Добре дојдовте во Плетвил“, која се емитува на американскиот канал Те-ел-си. Нивните деца се на возраст од 6 до 21 година и ги одгледуваат така што сите се образоваат дома и живеат без телевизор.

До неодамна сите живееле со родителите, на фарма од 55 хектари, во руралниот дел на Јужна Џорџија. Но, најстариот син Итан (21) се отселил со својата невеста Оливија, па сега живеат на само десетина минути оддалеченост од фармата на која живеат родителите на Итан, додека најстарата ќерка Хосана (20) со сопругот се преселила во Охајо.

фотоизвор: Семејството Плат/YouTube screenshot/ TLC – Plathville

– Имаме ограничен пристап до технологијата, ТВ и компјутерите, нашите деца не играат видеоигри – велат родителите. Никогаш во фрижидерот немале газирани пијалаци. Децата знаат што е „кока-кола“, но не знаат каков вкус има. „Можете ли да верувате? Зарем тоа не е одлично?“, се прашува Бери. Нивните деца имаат време да бидат деца и можат да се фокусираат на тоа – велат родителите во прилог на својот начин на воспитување. Недостигот на изложеност на популарната култура значи дека 15-годишната Лидија денес нема поим кој е Спајдермен. Исто така, 13-годишниот Ајзак, кој за себе вели дека е голем љубител на американскиот фудбал, никогаш не слушнал за супер познатиот спортист Том Брејди.

фото извор: Бери и Ким Плат/ YouTube screenshot/ TLC – Plathville

Сите деца се образоваат дома и Ким и Бери имаат цврсто мислење за конвенционалните начини на учење.

– На Хосана ѝ беше понудена стипендија од музички факултет, но зошто ѝ е потребен факултетот: моментално учи многу повеќе отколку што би учела ако седи во клупа на факултет – вели Ким.

Но, таквиот живот им носи многу предизвици на младите кога еднаш ќе се вивнат во светот.

– Мојата прва работа беше механичар. Никогаш во животот не сум слушнал ниту една пцост, а момците со кои работев зборуваа така што постојано требаше да се пушта оној звук кој ја маскира пцоста. Бев целосно збунет – вели Итан, на кој преселувањето и заедничкиот живот со сопругата Оливија (21) му помогнале да ги прошири своите видици.

фото извор: Итан пробува кока-кола/ YouTube screenshot/ TLC – Plathville


– Кога јас и Итан се венчавме, навистина забележав голема разлика во растењето помеѓу нас двајца. Јас цитирав некој дијалог од филм или ќе почнев да пеам песна од некој филм, а тој ќе речеше – немам поим од каде ти е ова. Го водев на неговата прв кошаркарски натпревар, првпат во кино и откако се венчавме почнавме долг процес на запознавање со сите тие различни работи што никогаш не ги видел – раскажува Оливија, која инсистирала таа и Итан да се отселат од семејството и да живеат сами.

фото извор: Свадбата на Итан/YouTube screenshot/ TLC – Plathville

Бидејќи Ким и Бери не се воодушевени од тоа што Оливија му отвора на Итан некој нов свет, таа вели дека најголемата препирка со нив не настанала само околу стравот дека би можеле да консумираат алкохол, туку и поради некои сосема безопасни работи.

– Сакавме да излеземе на сладолед, на пример, но тоа резултираше со судир, со аргументи во стилот: не би смееле да јадете шеќер – раскажува Оливија.

Автор: Марта Клиф

Извор



912

X