Воспитување

Ник Кенон, татко на 11 деца, открива за што најмногу жали

Американскиот актер, рапер, водител и комичар Ник Кенон неодамна откри дека го очекува 12-тото дете со партнерката Алиса Скот, а овој 42-годишен татко плаќа над 3 милиони долари годишно за издршка.

Во емисијата „The Checkup“ со д-р Дејвид Агус, Кенон признал дека често се бори со балансирањето на работниот живот и времето што го поминува со своите деца, а особено издвоил една работа како најтешка.

„Со оглед на тоа што сум татко на голем број деца, мојата најголема вина е што не можам да поминувам доволно квалитетно време со сите нив. Една причина е што постојано работам, а друга е затоа што не можам да им дадам онолку внимание колку што заслужуваат, растргнат сум на многу страни“, изјавил Кенон, кој има 11 деца со шест различни жени.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top