Можеби сте го погледнале видеото – трае 45 секунди, а момче игра на дожд. Има нешто навистина инспиративно во тоа. Но, дали некој друг би се заинтересирал?

Неколку недели по објавата видеото на детето чие име е Ентони е прегледано приближно 310 илјади пати само на „Инстаграм“. Било споделено на сите социјални мрежи. Реакциите на луѓето се неверојатно – од сите страни на светот се навива за 11-годишниот Ентони од Нигерија. На сите можни јазици во светот тој добива пофалби за неговата страст и истрајност. Некои дури и му понудиле опрема за балет.

Во период кога изгледа дека во секој час се случуваат политички и социјални кризи, ова дете и неговата љубов кон танцот не може ништо да ги сопре. Ниту дождот, ниту калта на која танцува, ниту пак тоа што е босо.

„Пријател кој живее во Велика Британија ми го испрати ова видео“, вели Синтија Харви. „За само еден ден, се обидов да го најдам“. Харви е поранешна примабалерина во Американскиот балетски театар. Денес, таа е уметнички директор на училиштето за танц „АБТ Жаклин Кенеди Оназис“, една од најпрестижните балетски школи во САД.

– Во тоа видео јас видов момче кое е совршен пример за тоа како е кога имаш љубов и сон за нешто. Веднаш беше очигледно колкава одлучност има во себе – вели харви, која успеала да ги контактира детето и неговиот учител. Набрзо обезбедила целосна стипендија за него за во летната работилница за млади танчари во рамките на школата, интензивна програма од 3 недели, која почнала на 3 август. Во исто време и неговиот учител е вклучен во националната програма за обука.

Учителот по балет на Ентони, 29-годишниот Даниел Ајала од Нигерија, учел бизнис-администрација на државниот универзитет „Лагос“ и мислел дека е предодреден за кариера во финансии додека не го видел „Чувај го последниот танц“ – скромно успешен филм во кој има балет, хип-хоп и џез-танц. Балетот му го привлекол вниманието на Ајала. Па, со помош на „Јутјуб“ и трио на учители за балет кои му дале силна поддршка, Ајала ги научил основите на балетот. На крајот од 2017 година отворил академија за танцување во неговиот мал дом. Секој ден тој го отстранува мебелот за да обезбеди простор за танцувачкото студио. Кога му е потребен повеќе простор, тој поставува чаршафи надвор од куќата. Тука е снимено видеото на Ентони.

Часовите во неговата академија се бесплатни. Единственото нешто што Ајала го бара од учениците е напорно да работат и да бидат сериозни за нивното образование. Денес тој има 12 ученици.

„Имам чувство дека е поважно да се одржи професионална дисциплина отколку да се има поголем број на студенти“, вели Мери Хабс, сопственик на танцувачко студио во Бруклин, која му асистира на Ајала веќе 2 години.

„Каде што јас живеам, нема танчари по балет кои се мажи како мене“, раскажува младиот Ентони. Вели дека кога игра, го обзема чувство како да сонува.

Тешко е да се знае што ќе донесе иднината за Ентони. Најблиската професионална компанија за балет е во Мадрид – на 3.300 милји и еден континент оддалеченост. Засега, поддржувачите на Ентони му дале лаптоп и интернет.

„На дете што покажува толкава посветеност едноставно мора да му помогнете“, вели Харви. „Ако има нешто на кое светот нè научи, тоа е дека треба да ги инспирираме луѓето и сите треба да учиме едни од други. Обезбедувањето можности за Даниел и Ентони е вистинската работа што ја сторивме“.

Автор: Дејвид Лиман

Извор



912

X