Воспитување

Нежна, добродушна, носи светлина – женско име со најубаво значење

Доколку сакате на својата ќерка да ѝ дадете кратко и необично име, ова е вистинскиот избор за вас. Името Нора е варијанта или кратенка од името Елеонора или името Аленор, за кое се претпоставува дека потекнува од грчкото име Хелена или Елена.

Многу поверојатна е теоријата за грчкото потекло на името Нора, но од грчкиот збор „елеос“, со самото „оригинално“ значење – милост; правда; сочувство. Во арапските земји, името Нора е изведено од личната именка Елинор, што значи сјај, сонце, светлина. Некои етимолози ја прифаќаат како многу веројатна хипотезата за германското потекло на името Нора, а од зборот или именката „Алденор“, што значи – стариот свет; север; северната страна.

Значењето на женското име Нора е прилично нејасно, но се претпоставува дека може да се толкува како – „онаа што е сочувствителна и милостива“; „личност која е љубезна и нежна“; „таа што свети и носи светлина“; „личност која е топла и љубезна“; „осветленост“; „благородништво“; „топлина“; „сјајот на сонцето“; „онаа која е самопожртвувана и праведна“.

Дали знаете?

Инаку, Нора е име на град и провинција во Шведска, а често може да се слушне и како презиме. Новооткриената планета во Сончевиот Систем се вика 783 Нора. Има светилник Нора во Велс, подморница во Зимбабве и планина во Канада.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top