Постојат толку многу заблуди кога е во прашање мозокот, а д-р Рахул Јандиал, неврохирург во САД и автор на „Неврофитнес“, објаснува на што треба да се фокусираат родителите.

Бидејќи е неврохирург, д-р Рахул освен што сакал да им овозможи сигурност, сакал да го заштити и мозокот на своите деца, кои денес се тинејџери. По речиси две децении родителство и знаење за човечкиот мозок кое го стекнал токму во тие години, за овие работи размислувал кога пристапил кон здравјето на мозокот на сопствените деца.

Како се хранат моите деца?

Ова е важно прашање бидејќи е јасно дека храната влијае врз мозокот, но не на начин на „суперхрана“ или „храна за мозок“. Д-р Рахул смета дека е потребно секојдневно да се консумираат некои растенија, а риба секоја недела. Дури иако и храната е под знак прашалник, во училиштата или во пластичните кеси важно е да се внесуваат овошје и риба во текот на седмицата. Антиоксидансите во овошјето и омега-3 масните киселини во рибата се клучни состојки за здравјето на мозокот.

Имаат ли време без мобилен телефон?

„Ова е важна грижа на сите родители, но не треба да се ограничи изложеноста на децата пред екраните ако редовно ги извршуваат своите обврски. Исто така, тие на своите мобилни телефони гледаат и интересни содржини“, објаснува д-р Рахул. Имено, еден или два часа пред спиење без користење на мобилниот телефон му овозможуваат на нивниот ум да лута без инхерентно управување кое се случува додека содржината се префрла во нивниот ум.

„Умот кој лута пристапува на патиштата во нашиот мозок, кои се во состојба на мирување и се изложени на ризик да станат застарени. Времето во кое му дозволуваш на својот ум да лута помага, особено по активен ден на работа, училиште или мобилен телефон. И тоа му помага на спиењето“, објаснува д-р Јандиал.

Се забавуваат ли секој ден?

Докторот не сака роботи кои само се посветени на работата, но исто така не сака неговите деца да не прават ништо. Двете опции се можни, но исто така, ако една од тие опции недостига, можностите за личен и психолошки раст се намалуваат.

„Важно е напорно да се работи, но и да се забавува“, вели д-р Јандиал.

Дали секој ден се импресионирани?

„Ова е наш мал ритуал. Некој, обично јас, пронаоѓам линк, видео или текст во списание кој е сосема неочекуван почеток на разговор“, вели д-р Рахул, додавајќи: „Последно за што разговаравме беше текст во списание во кој пишуваше дека кучињата можат да намирисаат некои видови канцер кај луѓето“.

Според неговото мислење, тоа го држи семејството ангажирано и додава нова содржина во нашиот мозок, од која можеме интелектуално и креативно да се развиваме.

Какво е нивното ментално здравје?

Тинејџерските мозоци се „бура на нови мозочни врски“, кои не се целосно усогласени со емоциите. Важно е да се размислува за ефективни стратегии за соочување со стресот, раскинувањата и влијанијата на социјалните мрежи.

„За ова немам посебна стратегија, но можете да го правите она што го правам јас за моите деца, бидете покрај нив“, заклучува д-р Рахул.



912

X