Девојчињата и жените треба да ги отфрлат своите идеи за вродени способности и да ги заменат со знаење дека способностите секогаш можат да се подобрат.
Цел живот ги носиме во себе ваквите уверувања. Девојчињата израснуваат во жени кои се премногу строги спрема себе и веруваат дека немаат доволно способности да успеат во одредено поле, па пребрзо се откажуваат.
Дури и кога ќе престанат да важат сите стереотипи и предрасуди кон жените и кога секоја пречка би била отстранете од патот до врвот, жените сепак би морале да се изборат со погрешните гледишта на своите способности – можеби нивниот најголем непријател.
Колку често избегнувате предизвици и играте на сигурно, одбирајќи лесно достижни цели? Има ли некои работи за кои одамна сте одлучиле дека не се во вашиот домет зашто немате доволно способности за нив? Ако листата со такви работи е доволно долга, веројатно сте едно од оние паметни девојчиња што се жртви на своите погрешни уверувања.
На способностите – интелигенција, креативност, самоконтрола, шарм, физичка подготвеност – всушност може да се влијае. Совладувањето на секоја вештина бара искуство, труд и истрајност. Девојчињата и жените треба да ги отфрлат своите идеи за вродени способности и да ги заменат со знаење дека способностите секогаш можат да се подобрат.
Па тогаш, со нова самодоверба, слободно можат да се фатат во костец со целите од кои одамна се откажале.
Автор: Хејди Грант Халворсон