Во март гледав како целиот свет се затвора. Нема училишта. Нема градинки. Нема ресторани. А потоа следуваа отпуштањата. Или, за оние од нас што се во економскиот сектор, изненадувачкото запирање на целата работа. Како артист и сопственик на недвижности за одмор, изгубив голем дел од мојот приход, како и многумина од нас во тој сектор, бидејќи туризмот и угостителството беа први на удар, а културата веднаш зад нив.

Сопственик сум на имот за изнајмување, во близина на „Дизни“ светот во Флорида, кој едвај опстојува од појавата на пандемијата, а јас требаше да се качам на авион на 29 март и да летам за Лондон, за да настапувам 4 недели во Вест Енд. Тајмингот не можеше да биде полош.

Се прашував дали сфаќаат колку се среќни и што имаат некој на кој можат да му го остават своето дете

Како и повеќето родители, им се жалев на пријателите за онлајн-учењето, како и за неможноста да се балансира работата без функционирањето на градинките. Но, моите пријатели кои си имаат партнери се жалеа колку е лошо и грубо што нивните претпоставени бараат од нив дупло повеќе работа од порано (што е вистински проблем), а јас не можев а да не се запрашам дали сфаќаат колку се среќни што имаат работа во моментот, кога невработеноста се искачи на 13 проценти во Канада. И кога зборуваа за тоа колку е тешко да се балансира работењето и грижата за децата, јас се прашував дали сфаќаат колку се среќни и што имаат некој на кој можат да му го остават своето дете.

Јас сум самохран родител по свој избор и ги зачнав и двете мои деца користејќи донатор на сперма и донатор на јајце-клетки. Додека избрав да го сторам тоа, никогаш не замислував самохрано родителство во време на пандемија, ниту стресот кој ќе го предизвика таа ситуација врз основните социјални структури како градинките и училиштата.

Пред неколку месеци морав да го однесам моето 10-месечно дете на тестирање за Ковид-19 бидејќи му течеше носот и имаше сомнителен исип на кожата. Лекарот ме советуваше да одам во центарот на Торонто, каде што живееме, во одделението за деца. Ми рече претходно да се јавам бидејќи е можно да не ми дозволат да го понесам со себе и своето 4-годишно дете поради заштитни мерки. По телефон ми рекоа дека нема да биде направен исклучок, дури ни за самохран родител. Па ми рекоа да го оставам своето 4-годишно дете со „некој друг“. Претпоставката беше дека постои некој таков. Кој би се грижел за моето дете за време на пандемија, особено кога нашето семејство беше потенцијално заразено? Мојата 77-годишна  мајка? Кој пријател, сосед или дадилка би сакала да го преземе тој ризик? Беше јасно дадено до знаење дека ако се сомневате дека имате Ковид-19, не треба да имате контакт со други лица. Јас морав да прекршам правила за социјално дистанцирање за да најмам дадилка да го чува моето дете во автомобилот на паркинг додека да ги завршам работите. Таа му читаше додека не заспа.

За среќа, моето бебе беше негативно, но моето 4-годишно дете не беше добредојдено на одделението за деца. Што ако требаше да трчам во ургентниот центар и ако немав време да организирам дадилка? Разбирам дека одделението сака да ги заштити персоналот и пациентите, но треба да им дозволат на самохраните родители – околу 20 проценти од канадските деца се дел од семејство со самохран родител. Ја побарав д-р Ајлин де Вила, медицински службеник за здравство во Торонто, за совет и таа рече дека ќе комуницира со одделението, а исклучоци може да се прават. По неколку месеци сè уште чекам некаква реакција од болницата.

Дали вработените мајки треба да импровизираат со дадилки и слично, па да го зголемат ризикот од изложеност на вирусот?

А како што градинките почнаа повторно да се отвораат во првите денови од јуни, бев изненадена што ја немаше споменато потребата од приоретизирање на самохраните родители. Што се однесува до учењето од дома, како самохран родител никогаш не сфатив што да правам со бебето додека се обидував да се снајдам со апликацијата за „Гугл училница“, обидите да го прикачам сработеното на моето дете и да сфатам што да „кликнам“ за да ги видам дневните (многу) задачи. Истовремено се обидувам да ја средам облеката, да се грижам за бебето, а мојот син да учествува во онлајн-разговорот. Тој се жалеше дека е премногу гласно и инсистираше да галопира низ станот како коњ наместо да се занимава со тоа. Можете ли да го обвините?

фото: Атена Рич/ todaysparent.com

Бидејќи плановите за повторно отворање на училиштата ќе се најават наскоро во Онтарио, две од три сценарија ќе се применуваат – или делумно или целосно онлајн учење. Дали се заборави дека повеќето семејства немаат мајка која е дома и може да го набљудува тоа онлајн-учење? Дали вработените мајки треба да импровизираат со дадилки и слично, па да го зголемат ризикот од изложеност на вирусот?

Мислам дека сите се согласуваме оти потребно е „цело едно село“ за да се одгледа дете. Па што треба да направат самохраните родители – да дадат отказ? Не е изненадувачки што процентот на невработеност кај жените во Канада ги достигна најниските бројки во изминатите 3 децении. Сега ни е дозволено да најмиме дадилки, но нееднаквоста во плаќањето на едно лице од приходите на еден вработен е неправедна и само ја зголемува поделбата помеѓу богатите и сиромашните работници.

Самохраните родители можеби се невидливи сега, но тоа е така затоа што повеќето од нас немаат време или ресурси за да кажат колку тонат во овие моменти

Јас сум една од привилегираните самохрани родители што имаат ресурси да најмат привремена дадилка. Сепак, на долг рок, тоа не е финансиски издржано за мене. Ако училиштата не се отворат целосно, а моето 4-годишно дете нема пристап до соодветна грижа и за време на викендот, не гледам како можам да си го дозволам престојот во Торонто во иднина. А заштедата што ја имам ја користам за да ги плаќам сегашните трошоци, иако беше наменета за инвестиција во моите недвижности за изнајмување, но ако не се случи тоа, нема да заработам доволно за да продолжам понатаму со тој бизнис.

Во делови од Германија центрите за дневна грижа се отворени за самохраните родители. Кога го слушнав тоа, почнав да ронам солзи. Си помислив: „Нивната влада мисли на нив“. Тие не заборавиле дека логистички е невозможно да се биде родител на смирен начин, без проблеми, кога не се прави баланс помеѓу работата и грижата за детето, а кога на тоа ќе ја додадете и загубата, тогаш имате рецепт за домашна катастрофа.

Сите родители, особено самохраните, треба да имаат пристап до безбедно, целодневно училиште – со соодветно уверување дека безбедноста е на прво место за време на пандемија. Исто така, државите треба да ги потсетат клучните организации и институции, како болници и градинки, дека самохраните родители сè уште постојат и се борат многу повеќе отколку што можете да замислите. Зошто не гледате повеќе вакви текстови или не слушате доволно вакви жалби во вестите? Самохраните родители можеби се невидливи сега, но тоа е така затоа што повеќето од нас немаат време или ресурси за да кажат колку тонат во овие моменти. Бевме тивки, заробени под фрустрациите, нередот и обврските – но сега ќе врескам многу силно за секој да запомни кои сме и каде сме.

Автор: Атена Рич

Извор



912

X