Иако науката има голем напредок и ни помогна да го знаеме пренаталниот период на развој, бебињата во утробата никогаш не престануваат да нѐ изненадуваат. Еве неколку интересни факти што ни ги открива науката за бебињата во утробата, а кои веројатно не сте ги знаеле.

Тие можат да вкусат што јаде мајката

Кога јадете, плодовата вода го добива вкусот на храната што ја внесувате. Иако научниците не се сигурни зошто се случува тоа, тие претпоставуваат дека мајката природа повторно направила магија за да реши сè. Тие веруваат дека на тој начин природата ги подготвува бебињата за вкусовите што ги чекаат кога ќе се родат.

Машките бебиња може да имаат ерекција

Иако можеби звучи чудно, ерекцијата е прилично нормална појава за машките бебиња во утробата на мајката. Во повеќето случаи, тоа се случува кога бебето мокри.

Бебињата во утробата пијат плодова вода

Како што се формираат бубрезите во првото тримесечје, кога бебето ќе ја проголта плодовата вода, таа подоцна ја измокрува и повторно ја голта. Да, тие ја пијат сопствената урина. И тоа е сосема нормално и здраво.

Целото тело им е покриено со влакна, што може да предизвика киселини

Во 16. недела на бебињата почнуваат да им растат влакна по целото тело. Тие паѓаат пред да се роди бебето, но додека е во утробата, истражувачите го потврдиле она што бабите ни го кажувале долго време – бебешката коса предизвикува киселини кај мајката.

Икаат

Додека е во стомакот на мајката, бебето ика и, верувале или не, уште во првото тримесечје! Но, тоа веројатно ќе можете да го забележите дури во третото тримесечје.

Плачат

Бебињата што многу плачат кога ќе се родат веројатно го практикувале тоа и во утробата. Но, плачењето во утробата е поинакво. И потивко.

Тие можат да слушаат и да запомнат музика

Бебињата можат да слушнат многу од она што се случува околу мајката додека се во утробата. Тие можат да го синхронизираат своето дишење со музиката што ја слушаат, па дури и да ја запомнат и да формираат сеќавање на мелодиите.

Тие играат

Иако луѓето генерално веруваат дека бебињата почнуваат да играат месеци по нивното раѓање, тоа е далеку од вистината. Бебињата си играат уште во стомакот на мајката! Значи, ако сте расположени, галете го малку стомакот, пуштете му песна, повикајте го бебето по име (ако веќе има). Разговарајте со него и играјте. Можеби ќе ви „одговори“.

Извор



912

X