Луѓето напишале огромен број на книги и есеи за тоа како да им простиме на оние кои нè повредиле. Но, понекогаш е тешко да се прости, бидејќи не го сфаќаме вистински концептот на простувањето.

Мери Кетрин Бексторм која е блогерка и мајка на тригодишно девојче, имала уникатна шанса да научи лекција за простувањето токму од нејзината ќерка.

– Со ќерка ми имавме прилично бурна вечер, затоа што не сакаше да спие. Конечно, кога ја ставив в кревет и низ заби ѝ реков: „Те сакам Холанд, но повеќе ни збор вечерва. Ќе одиш да спиеш сега. Завршив со нервирањето за твоите плишани играчки – ѝ реков јас.

Фото: Mary Katherine Backstrom / Facebook

– Мамичке? – ми рече таа и јас застанав на врата, буквално гризејќи си го јазикот од што бев фрустрирана.

– Што е, Холанд?

– Јас имам уште едно нешто да ти кажам.

Секако дека имаше. Стоеше на креветот со рацете на колковите. Нејзината коса беше разбушавена, а таа си ја користеше раката за да си ги избрише солзите од нејзиното лице.

– Мамичке – ми рече мојата тригодишна девојка, зјапајќи во мене. – ТИ ПРОСТУВАМ!

Потоа си легна и продолжи да плачи. Искрено, не знаев што да правам. Начинот на кој рече: „Ти простувам“, звучеше како пцовка.

– Душо, дали знаеш што значи простување?

Сè уште шмркајќи ги солзите, со нејзиното лице во перницата со ликот на „Малата сирена“, таа ми рече: – Да. Тоа значи дека ти не беше во право, а јас сум уморна од тоа да бидам лута и сега ќе си легнам, а моето срце нема да ме боли како што ме боли мешето.

Со овие зборови добив лекција за простувањето од мојата тригодишна ќерка. Беше силен удар. И секако дека после тоа легнав до неа и ја опсипав со љубов. Бидејќи, да бидеме искрени, моето срце чувствуваше болка.

Моето тригодишно девојче ме потсети никогаш да не си легнувам лута. Затоа што, кога ќе си легнете лути, срцето ќе ве боли како што ве боли мешето. И знаете што? Имам 35 години и морам да признаам дека ќерка ми е во право.



912

X