Семејството Косински од Висконсин, САД, како „подарок од небото“ на неверојатен начин ги добило своите близнаци.

Многумина велат дека куќа полна со деца е знак за среќно семејство. Што повеќе деца, посреќни родители и деца.
Семејството Косински на многу интересен начин ги добило своите шест деца.

Кери и Крејг Косински се брачна двојка која имала проблем со забременувањето.
Една стара пријателка на семејството која не можела да се грижи за своите близначки Кени и Адалин, им ја препуштила грижата за децата. Така децата останале кај нив со денови, па и месеци, по што ги посвоиле.

Семејството живеело среќно и исполнето, но биолошката мајка на девојчињата повторно им се јавила со слична молба. Таа имала уште еден пар близнаци и не била во ситуација да се грижи за нив. Така ова семејство станало побогато за уште една двојка близнаци, па сите четири браќа и сестри станале едно семејство. Иако се премислувале, Косински сепак се согласиле на ова.

Веќе доволно необичната ситуација во ова семејство станала уште поинтересна кога Кери дознала дека, сепак, по години неуспешни обиди, останала бремена. Дали воопшто треба да се напомене дека станала мајка на близнаци?

Несомнено дека семејството било шокирано од ова сознание, но сето ова го сфатило како знак од Бог.
Уште една потврда на ова чудо е фактот дека сите три пара близнаци се родени на ист ден, 28 февруари. Ова неверојатно семејство е пресреќно, малечките уживаат во друштво на браќата и сестрите, а родителите се горди на своето семејство и животот кој им дошол како „подарок од Бог“.

 



912

X