Утринската рутина може да биде вистински кошмар за ненаспаните родители додека се обидуваат да ги разбудат своите деца, да ги облечат, нахранат и да ги натераат да излезат од дома.

Австралијката Лиса Ламонд, мајка на две девојчиња, открила трик што ја спасува секое утро и прилично изненади некои луѓе. Оваа мајка на тригодишно и двегодишно девојче тврди дека токму поради тоа успева да излезе навреме од дома.

Нивната утринска рутина била прилично тешка и за неа и за нејзиниот сопруг затоа што двете ќерки Арабела и Руби сакаат да бидат независни и работите да ги прават сами.

 

– Моите ќерки сакаат да се облекуваат сами, од глава до петици. Во деновите кога работам немам време да ги чекам со часови да се облекуваат – вели таа.

– Затоа, најдобриот совет што ми го дале е да ги облечете децата вечерта претходно во облека во која сакате да одат во градинка – вели таа.

Наредниот ден таа ги буди, им ги менува пелените, им ги става чевлите и тие се подготвени.

Освен тоа, таа ги советува мајките како да обезбедат ред и мир во својот дом.

– Напишете ги утринската и попладневната рутина. Напишете што треба да направите и додајте слики за да им помогнете да го следат планот – вели Ламонд.



912

X