Воспитување

Неверојатен метод за воспитување деца во Јапонија

Ное Андо има 7 години. Сама се бања, ги мие забите и се чешла. Нејзината мајка вели дека освен одржувањето на куќата, таа смета дека Ное може сè да направи сама.

Училиштето и е далеку од дома. Самата, пеш, оди до метро-станицата, седнува во воз, менува уште 2 линии и патува до училиштето. Таа мора да се снаоѓа сама. Ако се изгуби или влезе во погрешен воз, мора да најде решение на ситуацијата без никаква помош.

Ова семејство не е единствено во Јапонија. Родителите ги охрабруваат децата да патуваат до училиште и до дома сами. Кога децата самостојно ќе завршат некоја задача, тие задолжително добиваат пофалби и се охрабруваат.

Емили од Сиднеј има 10 години и никогаш не отишла на училиште сама. Дознала дека доколку живее во Јапонија, на училиште би одела сама. Оттогаш сонува за моментот кога татко и нема да ја вози до училиште и баш сака да може да оди сама.

Истражувањата покажале дека децата сакаат самостојно да одат на училиште. Нивните родители  ги спречуваат во тоа. Една од причините зошто децата во Јапонија од мала возраст се осамостојуваат е затоа што нивните родители немаат можност да ги одведат и да ги чекаат по завршувањето на наставата. Работодавците за тоа немаат разбирање.

Јапонија има многу ниска стапка на криминал, 5 пати повеќе жители од Австралија, но и 4 пати помалку убиства отколку во Австралија.

Јапонската филозофија е: „Ако ги сакате своите деца, сакате да бидат паметни. Без заштита пуштете ги да направат нешто што можат сами“. И во училиштата во Јапонија децата имаат целосно различни задачи од западниот свет. Тие ги чистат тоалетите, училниците, сервираат храна. Колективниот дух и таквите задачи го зајакнуваат чувството на зависност едни од други и за делење на јавниот простор. Затоа, децата и кога не се дома, веруваат дека можат да се потпрат на другите луѓе, доколку им е неопходна помош.

Училиштата обезбедуваат жолти знаци за првачињата кои им се сошиени на униформите, па возрасните повеќе внимаваат кога ќе ги видат на улица. Има и пензионери кои волонтираат и им помагаат на децата безбедно да поминат преку улица.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top