Полн мијалник, корпа полна со алишта што чекаат пеглање, а сите ја прескокнуваат. Пијат вода од ѓезве наместо да измијат чаша, ако веќе нема чиста.
Мајката оди низ домот и мрмори, додека изгледа дека сите други без проблем би можеле да живеат во апсолутен хаос.
Што вели науката?
Верувале или не, оваа појава била предмет и на научно истражување спроведено од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. Истражувањето покажало дека жените што живеат во домови во кои владее неред имаат значително повисоко ниво на кортизол, хормонот поврзан со хроничен стрес. Колку повеќе предмети се наоѓаат во просторот каде што не им е местото, толку повеќе жените се чувствуваат стресно. Стресот кај нив останува висок во текот на целиот ден.

А мажите?
Што е со мажите кои живеат во истите домаќинства и, да не се лажеме, често се и причина за поголем дел од нередот? Тие речиси и да не се засегнати.
Истражувачите сметаат дека причината лежи во културното наследство, кое сè уште ја поставува жената во улогата на „главна и одговорна“ за редот во домот. Од нив се очекува да го одржуваат просторот чист и уреден, а ако тоа не е така – тие се виновни.
Па, затоа мажите и не го доживуваат нередот како некаков сериозен стрес.