Наставниците добиваат многу интересни пораки и телефонски повици. И додека сфаќаме дека родителите го сакаат најдоброто за своите деца, понекогаш работите што ги кажуваат звучат прилично апсурдно. Тешко е да се даде професионален одговор на толку апсурдно смешни реченици.

1. „Моето дете никогаш претходно не добило толку ниска оценка“

Да, можеби пред 20 години оваа реченица би функционирала, но денес не, со оглед на тоа што постојат е-дневници што нудат увид во оценките на учениците во текот на целиот образовен процес.

2. „Ако му дадете ниска оценка, нема да може да се запише каде што сака“

Ако не ги исполнува условите да се запише онаму каде што сака, можеби и не треба воопшто да биде примен, не мислите така?

3. „Моето дете е талентирано“

Кој родител не го мисли ова за своето дете? За жал, некои родители се многу пристрасни при одредувањето на степенот на талент на своето дете. Понекогаш помалите деца покажуваат голема способност во одредени предмети. Но, и нивните соученици со текот на времето ќе ја покажат истата способност, а мама и тато постојано се држат до фактот дека нивното дете пред пет години, околу една недела, беше најдобро во одделението во собирање. Иако е добро родителите да имаат вакви позитивни мислења за своите деца, здраво е да ги знаат и нивните слабости и фактот дека како што растат, нивните способности се менуваат.

4. „Таа е анксиозна и има АДХД и веројатно нарушување во учењето. Не, не сме биле на доктор, но потребно ѝ е дополнително време за учење. Може да ѝ дозволиш да користи белешки за време на тестовите?“

Некои родители се обидуваат да ја преземат улогата на лекар и специјален едукатор, поставувајќи му дијагноза на нивното дете и идентификувајќи ја поддршката што му е потребна. Често наставниците знаат дека нешто се случува со нивните ученици и би сакале да им помогнат, но родителите треба да добијат точна дијагноза и да работат со училиштето за да добијат соодветни насоки.

5. „Моето дете вели дека не е единственото што е немирно, но само тоа запаѓа во неволја“

Наставниците не ги споделуваат дисциплинарните акции со учениците. Само затоа што едно дете не гледа дека другото е опоменато, не значи дека не е опоменато.

6. „Ќе одиме на одмор пред зимскиот распуст. Дали ќе пропушти нешто?“

Не, ќе седиме и ќе чекаме да се врати. Нема ништо да работиме. Секако.

7. „А ако пропушти нешто, дали може да го добие материјалот пред да заминеме за да учи во автомобил?“

Добриот наставник има флексибилни часови и лекции за да може соодветно да одговори на потребите на своите ученици. Тие имаат генерална идеја за тоа како ќе изгледа неделата, но тоа може да се промени.

8. „Детето ми рече дека на тестот имало работи што вие не сте им ги предавале“

Да, да, секако, бидејќи тоа е нешто што наставниците обично го прават.

9. „Мислам дека вие треба…“

Ве молам, застанете. Никој не ви кажува како да се однесувате како родител, па затоа не им кажувајте на наставниците како да си ја вршат работата.

10. „Само сакам да знаете дека ве поддржувам“

Вистината е дека многу родители се неверојатни и одлични. На секој еден што не ги сфаќа работите, постојат многу што ги сфаќаат. А наставниците навистина ја ценат нивната поддршка.

Автор: Холи Вера

Извор



912

X