Алесандра е мајка на близнаци и безброј пати во животот ги слушнала истите бесмислени прашања и коментари, па решила да состави листа со осум работи што не треба да им се кажуваат на мајките на близнаци. Нејзиното писмо е пренесено подолу.
– Кога бев бремена со моите близнаци, добивав многу внимание, прашања и коментари за мојата големина. Во тоа време една пријателка која веќе имаше близнаци ми рече: „Не очекувај да се подобри ситуацијата штом ќе се породиш, всушност, ќе се влоши!“ И сега кога сум горда мајка на двајца близнаци, можам да потврдам дека таа беше во право.
Деновиве сè уште добиваме големо внимание, главно од „добронамерни“ непознати лица кои само сакаат да започнат разговор. И, како и веројатно секоја мајка на близнаци, ги слушам истите коментари одново и одново, и повторно и повторно (непријатно) се изненадувам. Еве само неколку, не толку слатки прашања за родители на близнаци.
Дали се природни?
Ова прашање е секогаш на врвот на мојата листа затоа што е толку погрешно од безброј причини. Самото прашање е всушност грубо мешање во туѓ живот, ако не се познаваме. И, се разбира, тоа што секој може да сугерира дека две живи суштества можат да бидат нешто друго освен „природни“, ме разболува. Ниту еден цивилизиран човек не смее да постави такво прашање. Она што луѓето што го поставуваат ова прашање навистина сакаат да го знаат е дали близнаците се зачнати преку асистирана репродукција, но сепак не ја разбирам поентата на прашањето. Дали тоа ги прави помалку вредни?!
Дали има близнаци во вашето семејство?
Ова прашање изгледа невино. Но, дали луѓето сфаќаат или не, најчесто сакаат да добијат одговор на прашањето дали сте зачнале преку асистирана репродукција… повторно.
Дали се идентични?
Ова не е подло прашање, но е игнорантно, особено во мојот случај. Едното дете е женско, другото е машко, па не можат да бидат идентични. На тоа додајте го фактот дека девојката има кадрава кафена коса, а момчето има права руса коса. Сепак, им простувам на оние што го поставиле ова прашање бидејќи не знаев многу работи за близнаците пред да ги родам.
Кој е попаметен?
Двајцата! Прашањето кое спаѓа во истата категорија е: Кој е полош? Мислам дека само ќе почнам да одговарам: „Јас сум“ и ќе си одам. Навистина сум подготвена да одговорам на милион прашања, но ве молам не барајте од мене да ставам негативна етикета на едно од моите деца.
Кој е постар?
Иако јас лично не сум навредена од ова прашање, секогаш ми е фасцинантно како луѓето се заинтересирани за редоследот на раѓање. Мојот син е една минута постар и немам проблем да ја споделам таа информација. Сепак, многу родители се чувствителни на такво прашање. Една мајка ми кажа дека многу родители на близнаци не сакаат да кажат кое дете прво се родило бидејќи идејата дека едно дете е една минута постаро само ќе создаде лажна конструкција на конфликт. Исто така, ова само ќе создаде претпоставки кои се ирелевантни генерализации на моите деца. Како: „Ааа, затоа оваа другата е повисока!“ или „Треба да се грижиш за сестра ти кога ќе пораснеш“.
Две бебиња и трето на пат?
Благодарение на огромниот притисок врз телото, по породувањето завршив со „дијастаза ректи“ на стомачните мускули. Покрај тоа, на мојата матка ѝ требаше време да се врати во првобитната големина.

Значи, готови сте!
Всушност, да, готови сме. Планиравме да имаме само две деца и тоа беше одлука што јас и мојот сопруг ја донесовме заедно. Но, планирањето на семејството не е нешто што треба да го споделам со непознат човек. И како и да е, зошто бројот 2 треба да биде магичен број за секого? Не е! На луѓето навистина им се допаѓа овој коментар, особено кога ќе забележите дека ги имам и двете, девојче и момче. Непотребно е да се каже, но мислам дека семејството е комплетно кога родителите ќе се чувствуваат така, а не кога се постигнува некаков баланс меѓу девојчињата и момчињата.
Мора да сте очајни!
Буквално го добив овој коментар на една свадба на која присуствував неодамна: „Близнаци?! Не би му го посакал тоа на мојот најголем непријател“. Бев шокирана, не знаев што да одговорам и бев прилично сигурна дека сум првата личност што добила ваков коментар, но потоа друга мајка на близнаци ми кажа дека била почестена со слични зборови. Мислам, тоа е шега?! Веројатно не треба ни да дискутирам зошто е одвратно да се кажуваат овие работи на самохрана мајка, но само ќе кажам едно: Не, да се има близнаци не е лесно, особено делот од бременоста и кога децата се новороденчиња. Но, не е ни ништо друго во животот што се исплати на крајот.