Близнаците се навистина посебни. Тоа ни го потврдува и ова фејсбук-видео. На почетокот на видеото може да се види како новородени близначиња плачат секојпат кога некој ќе ги раздели.

Но, кога ќе се приближат, тие веднаш се смируваат и се спокојни. Навистина е фасцинантно како се поврзани близнаците уште од мали. Се чини дека се разбираат само со поглед. Нивната врска е нераскинлива.

Арчи и Фреди се четиримесечни близнаци кои се снимени како „разговараат“ пред нивното капење. На видеото можете да видите како се смеат и се чини дека единствено тие двајца се разбираат само со поглед.

Освен близнаците што не можат да се одделат еден од друг и кои се согласуваат апсолутно во сѐ, постојат и такви чии карактери се сосема различни. Тоа го покажуваат и овие две девојчиња. Мајката Реџина ги снимила двете близначки кои изгледаат исто, но нивните карактери се сосема различни. Кога мајката ја пушти познатата песна „Стариот Мекдоналд имал фарма“, едната ќеркичка е возбудена и почнува да скока од среќа и да ја пее, додека другата не реагира на ист начин.

Овие близнаци во продолжение плачат секојпат кога некој ќе ги раздели. Но, кога повторно се заедно, се смируваат.

Откриени се многу тајни за близнаците, но некои работи остануваат мистерија, на пример, како тие создаваат свој јазик? Прочитајте ги и овие 10 интересни факти што можеби не сте ги знаеле:

1. Во светот се раѓаат три пара близнаци на 1.000 породувања.

2. Во малото гратче Кандидо Годои, Бразил, дури 10 отсто од родените деца се близнаци.

3. Во Бразил, секое стото породување е со близнаци.

4. Жените кои јадат повеќе млечни производи имаат петпати поголема веројатност да забременат со близнаци отколку жените што избегнуваат млечни производи, покажува едно истражување.

5. Еден до два отсто од двојајчените близнаци немаат ист татко.

6. Еден од првите истражувачи на феноменот близнак бил сер Франсис Галтон, братучед на Чарлс Дарвин.

7. Речиси секој четврти идентичен близнак е ист како неговиот брат или сестра. Оваа сличност се јавува во ситуации кога оплодената јајце-клетка се дели подоцна од вообичаеното.

8. Според Американскиот институт за лингвистика, дури 40 отсто од близнаците измислуваат свој јазик.

Извор



912

X