Игротека

Неодолив разговор меѓу татко и неговиот 19-месечен син слатко ќе ве насмее

Диџеј Прајор само што завршил со гледањето на серијата „Империја“, несигурен за емоциите што ги имал на крајот. Тој почнал да разговара за тоа, меѓутоа, во собата со него бил само неговиот 19-месечен син Кингстон. Кога Кингстон го слушнал својот татко како зборува, се качил на каучот и почнал да „разговара“ со него за финалето. Но, Кингстон не може да зборува. Секако, ова не може да се забележи на видеото од нивниот разговор, што стана прилично популарно на интернет со над 47 милиони прегледи.

– Се смеев поради начинот на кој правеше гестикулации со рацете – вели Прajор.

Видеото го прикажува Кингстон како посочува, вика и се смее.

– Да, последната е. Не знам што ќе прават наредната сезона – вели Прajор на видеото, додека Кингстон посочува со раката кон телевизорот и кажува нејасни зборови.

– Токму и јас го мислев истото – вели неговиот татко.

Кон крајот на разговорот Кингстон се смирува, кажува уште неколку нејасни зборови и почнува да се смее.

– Слично размислуваме – му одговара неговиот татко со насмевка.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top