Како мајки во светот на посебните потреби, често го користиме нашиот глас за да повикуваме на промени. Не ги споделуваме секогаш радостите, благословите и подароците. Но, има нешто што сакам светот да го знае за животот со Даунов синдром, вели Шенон Стринер.

Не жалете ме. Мојот живот е полн со повеќе. Кога одам во продавница, добивам повеќе насмевки од непознати. Луѓето застануваат да ја видат мојата ќерка. Ме погледнуваат и велат дека е прекрасна. Ми велат дека сум благословена.

Добивам повеќе.

Добивам повеќе време. Мојата ќерка имаше три години и не беше лесно да се гледаат нејзините врсници и да се фокусираме на она што таа не го прави. Но, јас избирам да ја гледам убавината во долгиот пат по кој поретко се оди.

Добивам повеќе.

Добивам повеќе време во секоја фаза од детството. Добивам повеќе време да бидам нејзиното безбедно место. Ѝ требаше повеќе време за да почне да оди. Повеќе време за да почне да зборува. Се разбира, има повеќе работа. Но, поголемо е и задоволството кога ќе постигне одредена цел.

Добивам повеќе.

Славам повеќе. Сведочам секојдневно на чуда. Вчера таа почна да лази сама, без моја помош. Гледав како учи да им верува на сопствените мускули на рацете. Ова е нешто на кое работев со години. Моите очи се исполнија со солзи и ја прифатив наградата од тешката работа што се исплати.

Добивам повеќе.

Се грижев дека никогаш нема да има пријатели. Како што почна да оди на училиште, децата ја прифатија со нивните чисти срца. Ѝ ја држеа раката, трчаа да ја прегрнат и го извикуваа нејзиното име. Тоа значи многу повеќе отколку што некој може да разбере.

Добивам повеќе.

Направив конекции и пријатели со луѓето во заедницата за Даунов синдром, кои се моќни. Плачев во прегратките на другите мајки и тагував додека ми велеа дека ме разбираат затоа што и самите поминале низ тоа.

Фотоизвор: scarymommy.com

Добивам повеќе.

Ја гледав мојата постара ќерка како ги прифаќа различностите. Ги гледав нејзината трпеливост, емпатија и разбирање како бликаат пред моите очи. Стана подобра личност заради својата сестра.

Добивам повеќе.

Сум зборувала пред многу ученици за свеста. Сум сведочела како тие се соочуваат со нејзините предизвици. Имав привилегија да гледам како сочувството се формира преку разбирањето, пред моите очи.

Добивам повеќе.

Моите пријатели безброј пати го поддржале моето семејство. Нè опколиле со љубов, поврзаност и сочувство. Моите пријателства расцветаа на начини кои никогаш не сум ги замислувала. Кога си ранлив, се поврзуваш со луѓето на многу поважни нивоа.

Добивам повеќе.

Запознав неверојатни терапевти и наставници. Имам многу луѓе кои навиваат и слават за моето дете на неделно ниво отколку што некој добива за цел живот.

Добивам повеќе.

Не  сожалувајте го моето семејство. Да, има тешки моменти и жртви. Но, еве што е поентата за напорната работа – кога се исплаќа, задоволувачко е чувството. Бурите во нашите животи нè прават подобри луѓе. Искусуваме повеќе радост, исполнетост и љубезност. Учиме многу повеќе за подароците на хуманоста и сочувството.

Добиваме повеќе.

Извор



912

X