Воспитување

Неочекувани знаци дека детето е среќно: Некои однесувања кажуваат повеќе од насмевките

Најголемата желба на секој родител е неговите деца да бидат среќни. Лесно е да се види насмевка на лицето, но малечките понекогаш имаат некои неочекувани начини да покажат среќа, а подолу откријте кои.

Создаваат свој имагинарен свет

Кога се среќни, децата лесно можат да го претворат најобичното стапче во меч и да направат замок од ќебе. Само среќно дете се чувствува безбедно и слободно да замислува и да создава свои приказни од својата секојдневна околина.

Пеење низ дома

Ако забележите дека детето потпевнува нешто додека си ги мие забите или си игра, тоа покажува дека е многу смирено и задоволно. Потпевнувањето додека прави друга активност е еден начин на кој децата велат „сè е како што треба“.

Даваат без да чекаат прашање

Без разлика дали станува збор за споделување омилена играчка или нудење на последниот залак од колачето, среќното дете споделува без да се воздржува. Искрената радост често се прелева во дарежливост, дури и кај малите деца.

Заинтересирани се за детали

Среќното дете ќе забави само за да им се восхитува на мравките што одат во ред. Оваа љубопитност доаѓа од ум кој не брза или не е загрижен, туку едноставно е радосен и ужива во моментот.

Разговараат со домашни миленици, играчки, месечината…

Кога детето разговара со своите играчки или ѕвезди, тоа не е само игра, туку знак дека се чувствува пријатно и задоволно. Вистински среќно дете не ги задржува своите емоции, дури и кога никој не слуша.

Играат без причина

Ненадеен потег и танцувачко движење во ходникот или пред вечерата, како и некои слични ненадејни движења се знак дека детето чувствува среќа и ја покажува со своето тело, а не само со своето лице.

Поставува прашања за другите

„Зошто бабата се смее?“ или „Дали и дрвјата се среќни?“, се прашања што ја покажуваат емоционалната топлина што ја чувствува детето. Мало дете кое се чувствува сакано често ги одразува тие чувства преку емпатија и грижа за другите.

Уживаат и кога се сами

На среќното дете не му е секогаш потребна бучава или внимание. Понекогаш му е доволно да седи во тишина играјќи со коцки или цртајќи и тогаш не се чувствува осамено, туку чувствува внатрешна радост и сигурност.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top