Мери користи бастун, Бенџамин неодамна научил да оди. Мери има 99 години, а Бенџамин 2. Овие двајца соседи не изгледаат како пријатели, но за време на пандемијата формирале уникатна врска на оградата помеѓу нивните домови во Минеаполис, САД.
– Бенџамин само што наполни 2 години, а со Мери сме соседи многу долго пред тој да се роди – вели Сара Олсон, мајката на Бенџамин. Тие не ја гледале често Мери, но минатата година кога се појави пандемијата и семејството често престојувало дома, Мери била личноста што ја гледале во дворот.
За време на пандемијата, семејството Олсон почнало повеќе да си игра во дворот, а Мери почесто престојувала во својот двор. Како што растел Бенџамин, научил да оди и да зборува и почнал да си игра повеќе со Мери.
– Ќе истрчаше до кај Мери за да ја види во дворот и ѝ носеше топка. Таа создаде игра која ја нарекуваме Пинг топка, во која Бенџамин ѝ носи топка и таа посега по бастунот преку нашата ограда, ја врти и ја удира топката кон Бенџамин. Меѓу нив има разлика од 97 години, но Бен тоа не го забележува – раскажува мајката.
Изгледа дека Мери повторно го разбудила детскиот дух во себе од дружбата со Бенџамин, играјќи со меури и пиштоли на вода. Таа има една внука, која веќе е возрасна, па рекла дека Бенџамин сега е најблиското нешто до внуче или правнуче што го има во моментот, истакнала мајката на момчето.
Автор: Кејтлин О’Кејн